Од „пород да немате“ до „деца во болница да лечите“. Клетви, навреди и закани расфрлаат небаре се бонбончиња. Пцовки и вулгарности им се веќе „добар ден”.
Во единаесет години опозиција, под режим кој се закануваше по животите и слободата на луѓето, со целосно поклопен и контролиран медиумски простор, не се сеќавам некој опозиционер да користел толку гнасна реторика кон опонентите, како оваа што денес наголемо ја користат видни и истакнати членови на опозициските партии и особено нивните подмладоци.
И не се сеќавам дека пратеници во Собрание лајкувале постови со закани, клетви, пцовки и насилничка содржина, како што денес тоа го прават пратеници од опозицијата.
Ако нешто не чини, треба да се најде начин тоа човечки да се искомуницира. Не мора да е особено речито, не мора ниту да е со тактизирање, само нека биде човечки.
Тоа што говорот на омраза толку го испопуларизираа и без трошка срам уживаат во придобивките од него не смее да им се прости.
Фејсбук објава од Кристина Костова