ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МНР: Еднострана изјава на Северна Македонија приложена кон записникот на првата Меѓувладина конференција со ЕУ

July 19, 2022 13:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во име на транспарентноста, за која секогаш ќе се залагам, уште денес, на веб страницата на Министерството за надворешни работи, е објавена едностраната изјава на Северна Македонија, која ќе биде приложена кон Записникот од правата Меѓувладина конференција, објави министерот за надворешни работи Османи.

Тој истакна дека македонскиот јазик е неспорен и од денес станува рамноправен во семејството на официјални јазици на ЕУ и ничија друга еднострана издвоена изјава не може тоа да го поништи.

  ЕДНОСТРАНА ИЗЈАВА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

(да се приложи кон записникот на првата политичка МВК)

Како што е прoпишано во Уставот на Република Северна Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на Република Северна Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија. Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на Македонскиот народ.

Македонскиот јазик беше признат на Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година.

Македонскиот јазик се изучува на многу катедри за славистика и лекторати на факултети и универзитети низ Европа и светот. Неговата долга говорна и писмена традиција е неоспорен факт во лингвистичката наука. Литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија.

При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на Република Северна Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, Северна Македонија очекува истите да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

Во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и по приемот во полноправно членство во ЕУ, Северна Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за Македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Со приемот на Северна Македонија во полноправно членство во ЕУ, Македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ.

Политички состанок на Меѓувладината конференција  за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија Брисел, 19 јули 2022 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk