ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Најмалку две лица загинаа, а 15 се ранети во руски напади врз Украина

July 19, 2022 16:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Руски крстосувачки ракети денеска ги погодија селата околу пристанишниот град Одеса во јужна Украина, погодувајќи куќи, училиште и општински центар, додека во последните 24 часа најмалку двајца цивили загинаа, а 15 други се ранети во руските напади низ земјата, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

Како што пренесе Бета, руските сили истрелале седум крстосувачки ракети „Калибр“ во регионот на Одеса. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападите врз селото Биленка имале легитимна воена цел и оти „се уништени магацини за муниција за оружје испорачано од САД и европските земји“.

Претседателот на регионалната влада на Одеса, Сергеј Брачук, ги оспори тврдењата на Москва и објави дека шест лица се ранети.

– Овие напади врз мирни луѓе имаат една цел – да го заплашат населението и владата и да ги држат во постојана тензија, рече Брачук.

Во последниве недели, руската војска ги гаѓаше Одеса и делови од јужна Украина каде што нејзините војници претходно ги зазедоа градовите, велејќи дека Украина планира контранапади за да ги врати областите што се под контрола на Русија.

Во меѓувреме, украинските сили на терен во источна Украина се борат да ги задржат териториите под нивна контрола.

Портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили, Олександр Ступун, изјави дека сè уште постои „високо ниво на опасност од ракетни напади на територијата на Украина“.

Во источната украинска провинција Доњецк, каде е прекинато снабдувањето со гас и делумно вода и струја, едно лице загина, а две се ранети.

Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, изјави дека „инфраструктурата на градовите методично се уништува со ракетни напади и оти најмногу страда цивилното население, кое не може да ги задоволи основните потреби“.

Тој рече дека биле извршени четири руски удари врз градот Краматорск и ги повика цивилите да се евакуираат.

Ракетните напади доаѓаат откако британската војска денеска соопшти дека верува оти Русија се соочува со „сè поакутни“ проблеми во одржувањето на силата на своите војници во нејзината тешка војна.

Британското Министерство за одбрана утринава оцени дека Русија „се бори да одржи ефективна офанзивна борбена моќ од почетокот на инвазијата и овој проблем најверојатно ќе стане поакутен“ додека Москва се обидува да го освои Донбас.

– Иако Русија сè уште може да оствари дополнителни територијални придобивки, нивното оперативно темпо и брзина на напредување најверојатно ќе бидат многу бавни без значителна оперативна пауза за реорганизација и ремонт, се вели во соопштението./МИА/

Next Post

Регистрирани нови 770 случаи на Ковид-19, починати се две лица

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk