ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Од 1 до 31 октомври Попис на населението на Србија со електронски прашалници

July 19, 2022 15:59
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На пописот на населението што ќе се одржи во Србија од 1 до 31 октомври 2022 година за првпат ќе се користат електронските прашалници, а прелиминарните резултати ќе бидат познати до крајот на ноември, беше речено на прес-конференција во Републичкиот завод за статистика (РЗС), јави дописникот на МИА од Белград.

Според Снежана Лакчевиќ, помошник директор на РЗС, на пописот на населението ќе бидат ангажирани околу 20.000 лица, од кои 15.000 попишувачи, 2.200 инструктори, 161 пописна комисија, меѓу кои ќе има и припадници на националните малцинства.

-Методологијата е целосно усогласена со меѓународните стандарди. Сите податоци од пописот може да се користат само за статистички цели. Преземени се мерки за заштита на податоците, а (личните податоци) не може да се користат за други цели, рече Лакчевиќ.

Според неа, прелиминарните резултати од пописот ќе бидат познати 30 дена по завршувањето на пописот, односно на 30 ноември, додека конечните резултати ќе бидат соопштени меѓу април 2023 и мај 2024 година.

Таа рече дека пописот треба да одговори на прашањата „колкумина сме, кои сме – по возраст и пол и други карактеристики на населението“, што е „основа за научно истражување и меѓународни истражувања“, но и дека податоците од пописот претставуваат дел од извештаи за неколку поглавја во претпристапните преговори за членство во ЕУ.

Лакчевиќ рече дека на пописот ќе има прашања важни за остварување на правата на националните малцинства и намалување на социјалната исклученост.

На прес-конференцијата беше речено и дека првиот попис на населението во Србија е извршен во 1834 година, дека меѓу двете светски војни се извршени два пописи. По Втората светска војна, првиот попис е извршен во 1948 година, како „скратен попис“ со цел обнова на инфраструктурата и барања за надомест на штета, а по 1961 година пописот се одржува на секои десет години.

Пописот во Србија беше планиран за април 2021 година, но поради ковид пандемијата Србија го одложи за октомври 2021 година, а потоа за октомври 2022 година.

Последниот попис во Србија беше спроведен во 2011 година. Во тоа време регистрирани се околу 7,2 милиони жители. Но, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година бројот за прв пат по 53 години паднал под седум милиони (6.982.604)./МИА/

Next Post

Бајден: САД гo поздравува отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Албанија и Северна Македонија

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk