ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сали: Случајот „Брезев“ ќе добие разрешница, никој не е над законот

July 20, 2022 15:31
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај и ќе добие разрешница. Никој не е над законот, ниту има недопирливи, рече денеска министерот за здравство Беким Сали на прес-конференцијата на која информираше за случајот со клиничката болница „Жан Митрев“.

– Јас, како човек, доктор и професионалец  во својата област, чувствувам длабока одговорност и решен сум овој случај да добие разрешница. Многумина од нас имаат негативно искуство во однос на Ковид во земјава, но не е само тука проблемот, мора да има систем што функционира и ги заштитува граѓаните, односно пациентите. Никој не е над законот. Ова нема да биде заборавен случај  и ќе го тераме до крај. Министерството за здравство останува отворено за соработка со сите институции на барање на ОЈО. Нема недопирливи и доколку се утврди одговорност, тоа ќе го имаме, рече Сали.

На прес-конференцијата, Сали соопшти дека денеска има состанок на стручен тим од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со претставници од клиничката болница „Жан Митрев“ за да се утврди дали испитувањата врз пациентите кои се лекувале таму се вршени согласно важечките прописи.

– Хемофилтрацијата е екстракорпорална метода која се користи при третман на пациенти во тешка состојба сместени во единиците за интензивна нега која се применува по индикација и проценка на лекарот кој што го лекува пациентот во зависност од неговата состојба. Дали методата е применувана кај пациентите согласно строгите критериуми и индикации е проценка која треба да ја направи стручниот надзор од страна на експерти од соодветните области, истакна министерот.

Според Сали, употребата на хемофилтрацијата не е ништо ново и ваков метод се користи на Клиниката за кардиохирургија и на КАРИЛ.

– Прашањето е дали и кога се користела во клиниката „Жан Митрев“ и дали употребата на хемофилтрацијата во рана фаза е ризична за животот на пациентите. Дали била причина за компликација на состојбата на пациентот, тоа ќе го укаже стручното тело. Јавноста не треба да биде погрешно насочена, не можеме да дадеме прецизни резултати од вонредниот инспекциски надзор за 48 часа. Ќе соработуваме со сите органи, со цел да се потврди вистината за работењето на клиниката „Жан Митрев“, рече Сали.

На прашањата од новинарите дека премногу пари им се бараат на пациентите за хемофилтрација, Сали со став дека констатацијата на новинарите е повеќе од финансиски, отколку од медицински аспект. – Ако филтрацијата беше 500 денари, немаше да се жалите, рече Сали.

Повика на внимателност при користењето на формулациите дека се правеле експеримети со методот на хемофилтрација.

– Јас би повикал да бидеме внимателни во тоа што го кажувате. Експеримент е тежок збор, рече Сали и посочи дека според законот, отпусните писма се документи во кои е посочено како се лекувани пациентите и што се е применето. Додаде дека ќе се истражува и дали е напишано отпусно писмо или не.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат конкретно во „Жан Митрев“ има спроведено три редовни и девет вонредни инспекциски надзори.

-Дозволата за „Жан Митрев“ е дадена од Министерството за здравство, а што пишува во неа ќе ви каже министерот. ДСЗИ не е орган што треба да ја критикува или одобрува одлуката дадена од МЗ. ДСЗИ не побарува дополнително време во однос на надзорите кои ги има направено, изјави директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова-Бухова.

Клучна и прва институција, според Бухова, до која се доставува информација за интрахоспитална инфкеција, е Центарот за јавно здравје кој прави епидемиолошки увид и наложува мерки.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) Лирим Шабани посочи дека етичка и комисија за клинички испитувања ќе работат на случајот.

-Логично е малку да се даде време за да се утврди се според протоколите, прописите и законите. Сакаме да сме сигурни дека тоа било така како што е објавено. Никој не вели дека имало или немало клиничко испитување. Велиме како што кажува законот – ако некој развива некакво клиничко испитување, тоа се санкционира, а за да се санкционира треба да се потврди. Од голема помош е емисијата на ИРЛ, ги охрабрувам сите други да им помогнат на институциите. Во меѓувреме тече состанокот меѓу претставниците на МАЛМЕД и тимот од „Жан Митрев“, се соочуваат аргументите, истакна Шабани.

Претседателката на Лекарска комора Калина Гривчева Старделова информира дека во моментот во Комората од 161 пристигнати пријави за барање на стручен надзор, четири пријави се за Клиничната болница „Жан Митрев“.

– Лекарската комора цело време работи за проценка на стручен надзор за работа на докторите. Дали има лекарска грешка? Тоа е многу сериозна констатација и дозволете на колегите кои се стручни од поедини области да го проценат тоа. Постои нешто што се вика тим од специјалисти и субспецијалисти кои ќе ги проверуваат сите нерегуларности, рече Гривчева Старделова./МИА/

Next Post

ЗНМ и СЕММ: Стигматизирачки и омаловажувачки пристап на Апасиев кон новинарите

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk