ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Лекарска комора: Одземањето на лиценца не може да се прави по лично убедување на поединци без да се докажат поставените сомневања

July 25, 2022 13:38
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лекарската комора денеска преку соопштение информираше дека останува остворена за соработка со надлежните институции со цел да се расветлат сите случаи кои упатуваат на пропусти во постапките за лекување на пациенти со Ковид -19.

– Лекарската комора изразува длабоко жалење за личните трагедии на пациентите и семејствата и останува отворена за соработка со надлежните институции, медиумите и пациентите, во рамките на она што се нејзини законски надлежности со цел брзо и ефикасно расветлување на сите случаи кои упатуваат на пропусти во постапките за лекување на пациенти со ковид 19, се наведува во соопштението.

Од Лекарската комора посочуваат дека од започнувањето на пандемијата со Ковид 19 поднесени се поголем број барања за вонреден стручен надзор, но оти на овие барања не може да се одговори со очекуваната динамика, бидејќи во комисиите кои треба да го направат надзорот, се ангажираат лекари вработени во здравствените установи кои истовремено се ангажирани на работните места поради зголемениот број на пациенти.

Од Комората објаснуваат дека за секоја пријава се формира посебна комисија која брои три члена, а изборот на специјалноста на лекарите кои се нејзини членови се прави врз основа на тоа за каков случај станува збор. Велат дека во комисиите поврзани со случаите со Ковид-19 требало да се вклучат инфектолози, пулмолози, анестезиолози, кои се дефицитарни специјалности и кога станува збор за лекување на пациентите, за лекарите тоа е приоритет во однос на ангажманот во стручниот надзор.

Треба да се разграничи дека стручниот надзор не е судско вештачење, односно тој не прави реконструкција на настаните, велат од Комората, туку ја констатира состојбата врз основа на расположлива документација и земени изјави од доктори и други здравствени работници кои активно биле вклучени во лекувањето и третманот на пациентот и дава стручно мислење.

Согласно Законот за здравствена заштита, од Лекарската комора информираат дека имаат овластување за издавање, обновување, продолжување и одземање лиценца за работа на докторите по медицина.

– Кога е во прашање стручноста на лекарот, законот предвидува привремено и трајно одземање на лиценцата, кое во двата случаи се прави ако постои соодветна судска пресуда со која се докажува дека докторот сторил кривично дело поврзано со здравствената дејност или сторил стручен пропуст или грешка при работата со што предизвикал трајно нарушување на здравјето или смрт на болниот, се вели во соопштението.

Одземањето на лиценца за работа е сериозен чин, се додава во соопштението, поради што и Законот предвидува тоа да се прави само во случај на постоење на судска пресуда со која се докажува дека лекарот сторил кривично дело.

– Одземањето на лиценца не може да се прави по лично убедување на поединци без да се докажат поставените сомневање, бидејќи тоа би бил сериозен атак на професијата и можност за злоупотреби. Лекарската комора во овој дел постапува максимално стручно и одговорно и ги процесира сите предмети за кои е добиена соодветна судска пресуда, потенцираат од Лекарската комора./МИА/

Next Post

Кардула: Крушево, Силата нека биде со тебе

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk