Место кратковидо да персонализирате за Верхеји, ко на времето за Јоханес Хан, прашајте се:
а) Зошто е ВМРО-ДПМНЕ кај Орбан денес?
б) Зошто од Франција до Вишеград до Орбан до Бајден има консензус за наше интегрирање, зошто оваа порано незамислива усогласеност по едно прашање?
в) Сфатете дека НВО иницијатива (Отворен Балкан) не е замена за вистинска геополитика, само благородна идеја на дополнување на сликата од точка (б).
г) Сфатете дека теориите “имаме алтернатива” ви ги поддржува само Лавров а секоја злоупотреба на идејата Отворен Балкан која му одговара на господинот Лавров на крај ќе ви се тресне од глава. Ова неекспертски кажано, вака ко пред кооперација…
Објава на Фејсбук на Катерина Колозова