ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Мицко од крв, месо и восок

July 26, 2022 09:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Знаете ли кој аргументот ги растура сите теории за етногенезата на македонскиот народ и ги ѕида резервите за неговите историски, културни и духовни капацитети?

Повеќе од сета политика, наука и пропаганда во Софија.

Со се душманите во Европа и во светот.

Христијан Мицкоски.

Луѓето кои во саботите и неделите одат меѓу зградите на Аеродром и викаат „старо купујем“ се мали прустови во однос на неверојатната ограниченост на овој човек. Однапред им се извинувам на собирачите на старото ако позајмицата на нивниот слоган ќе им прозвучи навредливо. Но ритамот и едноличноста на нивната парола ми се виде адекватна за да ја илустрирам отпорноста на човекот кој шест години го диктира општествениот дискурс и игра важна улога во падот на културното ниво односно во оглупавувањето на народот. Отпорност пред комплексноста на животот, отпорност која му помага да не се возбудува пред сите нови ситуации во кои влегува општеството, нудејќи му го својот универзален лек: предвремени избори. Со селекција на конструкции си кои, така му се чини, ќе ја оцрнат власта, ќе им го смачи животот на луѓето и таа произведена негативност и катастрофичност, ќе завршат со предвремени избори или со уште подраматичен пад на власта. Колку повеќе се доближуваме до редовните избори толку повеќе тој ја пушта телефонската секретарка во својата глава и вика:предвремени избори. Во меѓувреме го труе општеството со неверојатни коктели од неверојатни импути. Предавство, помор, обезличување, уништен идентитет, митинзи протести, па лефтерни рекламни прошетки со градоначалниците на вмро во кои ќе покаже дека таму кај што е вмро нема предавства туку животот цвета. Се што треба да направи македонскиот народ ако сака животот да му цвета е да го донесе него на власт.

Шест години 24/7 така.

Тоа и ништо друго.

Го блокира комплетниот живот за да може да ја илустрира својата единствена теза за неспособноста на власта.

Нацијата која се возбудува на тие импути и наоѓа резони тука да ја проектира својата иднина и спас, се однесува како публика која шест години седи во една кино сала и го гледа најглупавиот филм на сите времиња, не само во Македонија туку во целиот свет: „Републиката во пламен“.

Ништо друго.

„Републиката во пламен“.

Јебала вас република.

И пламен.

Но, драги мои, што да се каже за последниот бисер од неговата колекција.

Прогласувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор и мерките за совладување на кризата, вмро ќе ги подржи дури откако ќе се види кај се парите што власта наводно ги украла.

Хахаха!

Па, нели е ова за Светската здравствена организација.

Не знам дали власта украла некои пари, ако вмро имаат некакви докази или сериозни сомнежи нека поднесат пријави, ако мислат дека институциите се заробени, нека кренат востание или нека се посерат на врвот на Водно, но друго ми е зборот: Мицко му вели на македонскиот народ да не се мрда од шините додека вмро не му каже има ли во железото злато. За информациите дека во 12.30 тука ќе помине возот од Солун, тој вели дека претставуваат обид на власта да го дефокусира напорот на македонскиот народ да се збогати со злато со помош на вмро.

Ете почитувани.

Нема потреба од надворешна агресија.

Кој може вака елегантно да не негира како разумни битија.

Не како нација.

Како човеци.

Далеку се од нација тие што се влечат по овој човек.

На кој, кога ќе дојде ред да се помести во некој музеј, нема да има потреба да му се прави восочна реплика.


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Скопје се сеќава - 59 години од катастрофалниот земјотрес

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk