„Република Северна Македонија започна нова етапа, реализација на уште една стратешка цел – членство во ЕУ. По 17 години конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во Унијата. Процесот на преговори ќе се води на македонски јазик, со чиста формулација, без фусноти и додавки“, соопшти денеска СДСМ
„Историските прашања остануваат надвор од преговарачкиот процес, македонскиот идентитет, македонската посебност и историја се трајно заштитени. Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводна асимилација и бугаризација на државата, во ЕУ влегуваме како Македонци а македонскиот јазик ќе биде рамноправен со останатите службени јазици во ЕУ. Македонската иднина е загарантирана и таа е европска со полноправно членство во големото европско семејство.“, се вели во нивното соопштение.