ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украинската армија соопшти дека десетици Руси загинале во борбите во Херсон

July 30, 2022 09:29
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Украинската војска утринава соопшти дека убила десетици руски војници и уништила две складишта со муниција во борбите во регионот Херсон, центарот на контраофанзивата на Киев на југот на земјата и клучната врска со линиите за снабдување на Москва.

Железничкиот сообраќај до Херсон преку реката Дњепар е прекинат, соопшти јужната команда на војската, што потенцијално дополнително ќе ги изолира руските сили западно од реката од залихите во окупираниот Крим и на исток.

Украина во последните неколку недели користеше ракетни системи со долг дострел испорачани од Запад и тешко оштети три моста над реката Дњепар, отсекувајќи го градот Херсон и оставајќи ја 49-та руска армија стационирана на западниот брег на реката многу ранлива, проценуваат британски функционери од одбраната.

– Како резултат на огнот кој воспостави контрола над главните сообраќајни врски на окупираната територија, утврдено е дека сообраќајот преку железничкиот мост над реката Дњепар не е возможен, се вели во соопштението на украинската јужна команда.

Во соопштението се наведува дека повеќе од 100 руски војници и седум тенкови биле уништени во вчерашните борби во регионот Херсон, првиот голем град заземен од Русите по инвазијата врз Украина на 24 февруари. Првиот заменик-шеф на регионалниот совет на Херсон, Јуриј Соболевски, им порача на жителите да се држат настрана од депонии за руска муниција.

– Украинската армија се бори против Русите и ова е само почеток, напиша тој на Телеграм.

Според проукраинскиот гувернер на областа Херсон, Дмитри Бутри, областа Берислав е особено погодена. Берислав се наоѓа преку реката, северозападно од хидроцентралата Каховка.

– Во некои села ниту една куќа не остана недопрена, целата инфраструктура е уништена, луѓето живеат во подруми, напиша тој на Телеграм.

Светските агенции чии известувачи се на терен нагласија дека не можат независно да ги проверат овие извештаи, а претставници на руската администрација која управува со регионот Херсон претходно оваа недела ги отфрли западните и украинските проценти на ситуацијата./МИА/

Next Post
фото: МИА

Во Њујорк воведена вонредна состојба поради мајмунски сипаници

НАЈНОВО

Одложени над 8.000 летови во САД поради буџетската блокада

October 27, 2025
Скриншот

Започнува судењето за онлајн вознемирување на Брижит Макрон

October 27, 2025
Скриншот

По триумфот во Мексико, Ландо Норис го презеде водството во Формула 1

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk