ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓуровски: Со воената донација за Украина се остваруваат најмалку три стратешки цели

August 4, 2022 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата држава со воената донација за Украина остварува најмалку три стратешки цели за што постои консензус меѓу сите релевантни парламентарни политички партии во земјата, изјави за МИА проф.д-р Марјан Ѓуровски, универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”.

-Мaкедонија се потврдува како сериозен партнер – земја членка на НАТО преку манифестирање на реална поддршка и воена помош на Украина, е првата цел, појаснува Ѓуровски. Наведува дека ваков тип на воени донации направија и други помали земји како Словачка, која донираше авиони МИГ и тенкови Т-72 за украинските вооружено сили.

– Со овој потег, Армијата се ослободува од вооружувањето и од опремата кои не се од западно производство и не се дел од новата формација на Армијата согласно НАТО стандардите, а може да се користи. Воените донации воопшто не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата која е на највисоко ниво и официјално високо оценета и од НАТО на последната вежба во Криволак, вели универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”.

Истовремено, нагласува, треба да се истакне дека се реализира долгогодишниот план за модернизација на Армијата. САД, истакнува Ѓуровски, директно помогна за модернизација на македонската армија со финансиска помош од 40 милиони долари што е особено значајно за нејзината опременост и готовност за идниот период.

Опремата за која зборуваме, потсетува тој, Македонија ја набави од Украина за време на воениот конфликт во 2001 година. Согласно Стратегискиот одбранбен преглед и со новата формација на вооружените сили, појаснува Ѓуровски, авионите Сухои 25 не се користат долг период во македонското воено воздухопловство зошто за нив по членството во НАТО воопшто и нема потреба.

Како трета стратешка цел, што се постигнува според Ѓуровски, нашиот народ и држава преку донацијата на воена опрема и вооружување за Украина искажува благодарност до Украина и до украинскиот народ кои беа меѓу ретките кои во најтешката 2001 година ни помогна со вооружување и опрема за Армијата и тоа во услови кога бевме под ембарго и под будното око на меѓународната заедница.

– Одлуката на Владата  се темели и на резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија за осуда на воената агресија на Русија врз Украина. Оттука, целосно се несериозни обидите да се девалвира нашата Армија заради овој чекор пред се од структури кои служат на проруските елементи во регионот. Политиката на Путин за промена на курсот на државите во регионот ќе биде поразена и на Балканот, изјави за МИА проф.д-р Марјан Ѓуровски, универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Уште еднаш нагласи дека со употреба на новата опрема и системи во приоритетните единици, нужно е Армијата да се ослободува од постарите системи и опрема. Посочува дека процесот на аквизиција со новото вооружување и опрема, односно опремувањето и модернизација е предвиден и во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности поддржан со посебна резолуција од Парламентот.

– Да потсетам, согласно законската регулатива се имплементираат осум проекти за модернизација на Армијата преку склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на НАТО.

Со планот за модернизација на Армијата предвидени се набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО-систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили. Со новата опрема дополнително ќе се зголеми подготвеноста на Армијата и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји, нагласува во изјавата за МИА професорот Ѓуровски./МИА/

Next Post

Јапонија тврди дека кинески проектили паднале во нејзината економска зона

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

November 2, 2025

Лукровски прогласи победа во Карпош

November 2, 2025

Јовановски води пред Дехари во Кичево, Дејан Митески води во Аеродром, Сотир Лукровски во Карпош, Горан Герасимовски во Центар и Курто Дудуш во Шуто Оризари

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk