ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вицепремиерот Груби на проштална средба со амбасадорката Задорожњук

August 5, 2022 12:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук.

На средбата се разговарало за актуелната ситуација во Украина, која амбасадорката Задорожњук ја оценила како тешка.

– Северна Македонија се постави на вистинската страна на историјата со тоа што се усогласи со демократските земји во линија на воведување санкции кон Руската Федерација и како членка на НАТО ја осуди руската агресија од самиот почеток бидејќи повеќе нема место во светот, во 21 век за агресија и насилство, се наведува во соопштението од Кабинетот на Груби.

Амбасадорката Задорожњук изразила благодарност за континуираната помош што Северна Македонија ја дава во овој период на криза, вклучувајќи го и приемот на украинските граѓани кои побараа засолниште во нашата земја.

Вицепремиерот Груби уште еднаш ја потврдил силната поддршка на Владата на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, апелирајќи до страните да седнат и да го решат конфликтот по пат на дијалог и дипломатија.

– Груби и Задорожњук разговараа и за важниот чекор што Северна Македонија го направи со почетокот на преговорите за интеграција со Европската Унија и одржувањето на Првата меѓувладина конференција како адекватен одговор на обидите за дестабилизација и идеолошка дезориентација на земјата, исто така статусот на земја кандидат на Украина го опишаа како историски момент и геополитичка смелост предизвикана од руската инвазија, се подвлекува во соопштението.

Заеднички оцениле дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи уште посилно во многу области, со посебен акцент на обновата на Украина./МИА/

Next Post

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за два денара, цените на другите нафтени деривати не се менуваат

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk