ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Матка ќе се репрогласи како споменик на природата до крајот на годината

August 15, 2022 14:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кањонот Матка сè уште чека репрогласување како споменик на природата и вистинска заштита на реткостите кои можат да се најдат на овој локалитет. Министерството за животна средина во моментов работи на додефинирање на текстот на Нацрт-законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, откако ги доби писмените забелешки од Градот Скопје, Општината Сарај и другите засегнати институции. Постапката за конечно донесување на законот очекуваат да заврши до крајот на годината, до кога ќе треба да биде дефиниран и управувач со заштитеното подрачје и да се формира управувачката структура, пишува Мета.мк.

Министерството за животна средина минатата година ја изработи првичната верзија на Нацрт законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата, кој е во согласност со Законот за заштита на природата од 2004 година. Претходно, во јуни 2020 година во соработка со Град Скопје, УНДП и национални експерти беше извршена и ревизија на Студијата за валоризација на природните вредности на заштитеното подрачје. Промените беа во насока на измена на постоечките граници и утврдување на предлог зоните во ГИС со наративни описи и дефинирање на режимот на заштита.

„Студијата заедно со Предлогот за прогласување на заштитениот локалитет Кањон Матка за споменик на природа, донесен од Советот на Град Скопје, беше доставена до Министерството, врз основа на што се изработи Нацрт законот. Репрогласувањето на Матка ќе биде финализирано со усвојување на законот кој треба да биде донесен до крајот на годинава“, информираат од Министерството.

Во Градот Скопје велат дека процедурата за репрогласување на Матка како споменик на природата тече и дека целта е да се донесе квалитетен закон со кој ќе се земат во предвид сите аспекти кои се важни за овој локалитет.

„Во постапка е процедурата за изменување и дополнување на Нацрт законот од причина што надлежното Министерство сè уште ги разгледува доставените забелешки. Целта е нивно имплементирање за да се добие квалитетен и функционален закон за граѓаните на Скопје и пошироко, земајќи во предвид дека Кањонот Матка е и атрактивна туристичка локација“, велат од Градот Скопје.

Кањонот Матка е еден од најзначајните локалитети во националниот систем на заштитени подрачја, бидејќи поседува повеќе природни и културни карактеристики и обележја и има научно, воспитно, образовно, духовно и туристичко значење.

За неговата заштита од узурпација на брегот треба да се грижи Општината Сарај, односно локалниот градежен инспекторат. Основното јавно обвинителство уште во 2020 година има отворено две постапки против две лица за узурпација на брегот на езерото, каде поставиле дрвени платформи и изградиле објекти. Ова се само два од повеќе примери на уништување на природата на Матка со платформи, објекти и различна друга инфраструктура, што се случија во изминатите 18 години, додека се чека репрогласувањето. Сега, истовремено со очекувањето на законот и репрогласувањето, јавноста ја бара и разрешницата на овие, но и на другите случаи на узурпација, кои мора да завршат со санација на штетата и со враќање на локациите во првобитна состојба.

Next Post

Министерството за финансии продолжува со јавните дебати за даночните реформи

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk