ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

August 17, 2022 10:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА.

– Ние имаме законски решенија кои стапуваат на сила од 1 јануари 2023 година – тоа е прогресивниот данок каде што над милион денари годишно се одданочуваат со 18 проценти и 15 проценти е ставка на сите други доходи врз основа на данокот на личен доход – дали од капитал или од добивка или други основи. Тоа е законското решение. И да не отвориме дебата, тоа стапува на сила. И кога зборуваме за данокот на камати на депозити, сакам да кажам дека и да немавме дебата и ако ништо не правевме како Министерство, од 1 јануари 2023 година тоа стапува на сила. Имаме законско решение кое уште во 1996 година е донесено во нашето законодавство за да се оданочуваат каматите на депозитите. Тоа неколку пати е прологирано и сегашното решение од јануари 2023 година стапува на сила. Но, ние сакаме да се дискутира за тоа и затоа го ставаме на маса, вели Бесими.

Во однос на предлогот да се оданочуваат каматите на депозитите, Бесими појаснува дека предлогот е да се оданочуваат само орочените депозити на 12 месеци, притоа посочувајќи дека се работи за мала сума на пари.

– Предлог решението за каматите за депозитите се однесува само на орочените депозити на 12 месеци. И во другите земји во Европа и регионот тоа се оданочува. На пример, во Хрватска со 10 проценти, во Словенија со 27 проценти, во Унгарија и во Словачка со 18 и со 20 проценти. Се работи за мал износ на средства. Така, ако некој има депозит од 100 илјади денари орочен на 12 месеци, тогаш на каматата од 1000 денари, данокот би бил 100 денари. Значи, на 100 илјади депозит годишно, оданочувањето би било 100 денари, појаснува Бесими.

Со ваквиот предлог, Бесими не очекува да дојде до одлевање на депозитите од банките.

За прогресивниот данок, вели, дека јавната дебата е клучна за да се дојде до најдобро решение, притоа не сакајќи да прејудицира дали лично смета дека треба да се воведе ваков данок.

– Бидејќи сега имам улога во Владата и одговорност пред граѓаните, не сакам да дадам мислење уште пред дебатата, но сметам дека за оваа тема вреди да се дебатира, а потоа да се носи предлог затоа што има различни решенија. Во однос на оваа тема не сум да одиме со триумфално решение, туку за решение прифатливо од сите, вели Бесими, прашан дали како прв човек на Министерството за финансии смета дека е потребно да се воведе прогресивен данок.

Нагласува дека остануваат отворени за предлози и аргументирани решенија кои би произлегле од дебатата со цел да се подобри квалитетот на овој сет на реформи.

Next Post
Емилија Целакоска

Кому ВМРО ДПМНЕ испорачува нестабилност?

НАЈНОВО

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

Венко Крстевски: Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk