ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Поразот на патриотите

August 17, 2022 15:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Отидов на два часа на Кодра фура да ги сумирам резултатите од јавната расправа за препораките.

Моите наоди не се препорачуваат за патриоти со слабо срце.

Интелектуалните фазани, гуски, и клукајдрвци, кои од тополите на вмро-дпмне сереа врз болидот на македонските перспективи, денеска се ко усрани голуби.

Инерцијата ги тера да пуштат уште по некое гомце, но тоа не е тоа што беше и тоа што тие мислеа дека ќе има сила да го блокираат заедничкото возило.

Птиците на граклестиот македонизам се, помалку или повеќе, свесни за три работи:

Прво, дека ја губат битката со модерноста, второ, дека нивната патриотска аргументација никој сериозен не ја ебе и трето, дека нивната аргументација им се разоткрива како валкана, лажна, смрдлива и празна, како буре без зелка во пролет и дека не случајно никој не ја ебе.

Кикифрики е како осамен дикси на разбиената војска на ропската конфедерација на полето кај Гетисбург, Ванковска е ко хоспитализирана душа на која сестрите заборавиле да ѝ дадат инјекција, Катица К. е како везилка на гоблен која дури на крајот разбира дека ги згрешила конците на централниот мотив кај Коњите на поило, Милчин е ко типот од лево, а Коцарев типот од десно на галеријата на цртаниот филм чие име го заборавив, Мицко привремено го спаси ковидот, но знае дека болеста што го чека по оздравувањето ќе биде пострашна, а вмро-дпмне не го спасува ништо.

Тоа е.

Во меѓувреме, Американците подготвуваат закон кој ќе го натера прорускиот оркестар на македонските патриоти да ги искрши своите инструменти, ако не сака солистите да му бидат искршени.

Комисијата ќе продолжи со препораките за усогласување на наративите со фактите, со респект кон интерпретациите кои за некоја од страните се важни колку и самите факти, со елеганција и внимание како во третирањето на антиката и средниот век.

Фибрата кај широките народни маси е нормализирана.

Луѓето стануваат свесни дека чипираните идиоти и нивната кокошкарска елита ги заебавале во рамките на своите користољубиви идеали.

Бугарите ќе влезат во Уставот, Македонија ќе влезе во Европската унија, патриотските птички ќе умрат пеејќи, без гракање ко досега, пеејќи…

Треба да се каже дека во целата операција, не останаа без ништо.

Сепак.

Не е мала сатисфакција сознанието дека успеале два милиони народ, цела една држава и македонската нација, посебно, да ги заебаваат толку години, да им поарчат златно време, енергија и ресурси.

И шанси.

Скотови.


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

МО додели признаниja на вработените во Генералштабот за нивното залагање во достигнатиот развој на Армијата

Shortcut

Најново

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност нема

July 27, 2026
Џабир Дерала

Кога и цртањето на табла не помага

July 27, 2026

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп воведе нови царини за над 80 земји

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk