ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Чупеска за Нова ТВ: Препораките на Комисијата не задираат во идентитетот

August 19, 2022 16:54
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Ана Чупеска

Ана Чупеска

Share on FacebookShare on Twitter

Објавените препораки на Мешовитата комисија не задираат во идентитетот. Членовите на Комисијата се докажани интернационални стручњаци кои се вредни за почит и како такви, тие во никој случај не би си дозволиле „идентитетска екскурзија“. Да беше така, препораките никогаш немаше да го видат светлото на денот, изјави универзитетската професорка од Правниот факултет, Ана Чупеска за Нова ТВ.

Мешовитата комисија на почетокот на оваа недела испорача по пет препораки за македонската и за бугарската влада кои се однесуваат на учебниците за шесто одделение кај нас и за петти клас кај источните соседи, но и за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј, за Свети Климент, за Свети Наум и за Цр Самоил. Сами по себе предизвикаа бројни реакции од двете страни на границата и беа предмет на различни толкувања.

„Не сметам дека препораките на било каков начин задираат во идентитетот, туку напротив. Членовите на Комисијата се докажани интернационални стручњаци, вредни за почит, и како такви во никој случај не би си дозволиле „идентитетска екскурзија”. Жалам што врз колегите се прави невиден притисок и не е точно дека „го продаваат идентитот”. Ако беше така, препораките немаше да го видат светлото на денот, ниту секојдневно ќе образложуваа што и како препорачале. Секогаш се спремни да ги аргументираат своите ставови и да го бранат македонскиот интерес. Тие не се политичка комисија, туку стручна и затоа не смее да бидат предмет на притисоци. Нашата јавност, за жал, не е докрај еманципирана и не ретко јава на бранот на етнонационализмот. Како и да е, работата на Комисијата не е во ред да биде доведувана во прашање во вакви деликатни политички околности. Мислам дека треба да се остават „на мир да работат”, затоа што тоа е општ интерес за сите“, вели Чупеска.

За реалната употребна вредност на препораката на Мешовитата комисија за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј, на Свети Климент, на Свети Наум, на Цар Самоил, Чупеска смета дека најмногу ќе зависи од политичката волја на двете држави потписнички на Договорот за добрососедство и соработка.

„Реалната и упоребна вредност на препораките на Комисијата најмногу ќе зависи од политичката волја кај двете страни потписнички на Договорот за добрососедство. Во секој случај, идеите во препораките може да поврзат и со општите препораки на УНЕСКО и на Совет на Европа кои се поврзани со образованието, а во насока на намалување на антагонизмите меѓу двата народа, притоа следејќи ги научните вистини, и за подобрување на соседските односи“, истакнува Чупеска.

Интерес на многумина е да се поттикнуваат антагонизам меѓу македонскиот и бугарскиот народ, па дури и по ризик на безбедноста, потенцира Чупеска, како одговор на спротивставените ставови во однос на препораките во чиј дел се провлекува и нишка на триумфализам.

„Треба да бидеме мудри и да не дозволиме да бидеме вовлечени во тие води. Претходно сум рекла и сега сакам повторно да нагласам дека во вакви деликатни времиња на војна и на кризи, лесно може да се злоупотребува и оттука секој има голема одговорност за јавно искажан збор. Лично јас во препораките не гледам ниту победи, ниту порази, туку препознавам напредок во цивилизациска смисла. Тоа, како прво, подразбира разговарање за болните теми, и како второ, приближување на перспективите, наместо вечен антагонизам и заробениптво во националшовинистички приказни. Тоа треба да нè радува, а не да нè прави нервозни“, порачува Чупеска.

Нормализацијата и унапредувањето на соработката, додава таа, зависи од двата субјекти.

„Среќна сум што нашата политика е мирољубива, пријателска и консеквентна. Во тој правец, ние како земја сме доследни на таа заложба. Најлесно е да се создат непријатели, а потешко е да направиш пријатели. Ние како мала земја, со ограничени ресурси на тој план, мислам дека имаме успех. За другата страна, имам впечаток дека на сите им е јасно каква политика води“, заклучи Чупеска.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Иран протера половина милион Авганистанци во период од 16 дена од неодамнешниот конфликт со Израел, соопшти ОН

July 11, 2025

Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски

July 11, 2025
Скриншот

Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk