ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Панел дискусија со ексклузивни гости на Цивил: „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“

August 26, 2022 11:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Панел дискусија во организација на ЦИВИЛ на тема „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“ денеска, петок, 26 август, со почеток во 14:30 часот. Организацијата најавува ексклузивно гостување на белоруските новинарки Ксенија Халубович и Алена Наскович, како и медиумскиот експерт д-р Волфганг Ресман од Германија. Работен јазик на настанот е англискиот.

Минаа две години по масовните протести во Белорусија, по изборите во кои Александр Лукашенко прогласи победа, наспроти извештаите за тешки изборни манипулации. Режимот на Лукашенко насилно ги задуши протестите, со апсења и судско-полициски прогон на голем број интелектуалци, новинари и активисти.

Белорусија ѝ ја отстапи својата територија на Русија да ја спроведува својата брутална агресија против Украина. Лукашенко ѝ дозволи на Русија целосен пристап до воените и воздухопловните бази за да спроведува масивни воени операции против соседната, независна и суверена држава. Армиските инсталации на Белорусија се користат за лансирање ракети од тлото на Белорусија против Украина. И руските војници ги користат базите во Белорусија и оттаму ја преминуваат државната граница во инвазијата против Украина.

Во текот на сиот период од авторитарното владеење на Лукашенко, медиумите беа под целосна контрола, а независните медиуми беа затворани, новинарите прогонувани. Таа ситуација само се заостри по целосната инвазија на Русија против Украина од 24 февруари 2022 година.

Белоруските новинарки и новинари се апсат, се прогонуваат, малтретираат, па дури и убиваат од режимот на Лукашенко.

Каква е ситуацијата и кои се перспективите за демократијата и медиумските слободи во Белорусија? Како функционира пропагандната машинерија на Лукашенко? Која е улогата на меѓународната заедница?

Тоа се прашањата на кои Цивил ќе разговара на панел дискусијата што ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.

Next Post

Проекции на македонскиот туризам за 2023 година: Повеќе од 3,2 милиона ноќевања и над 430 милиони долари прилив

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk