ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Намален бројот на новозаболени, оздравени и починати од Ковид-19

August 31, 2022 09:17
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 22 август до 28 август тестирани се вкупно 5.815 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,3 отсто во однос на претходната недела. Регистрирани сe 1.763 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 34,3 отсто во однос на минатата седмица. Процентот на позитивност се движел од 17,8 отсто до 33,6 отсто, просечно 27,9 отсто, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=831; 47,1 отсто). Највисока инциденца е
регистрирана во Делчево (272,4/100.000), Гевгелија (227,0/100.000), Берово (211,2/100.000) и
Кавадарци (187,2/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на
лица на возраст над 60 години (n=758; 43 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група
од 10 до 19 години (n=49; 2,8 отсто). Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи (со најзабележително намалување од 43 отсто во возрасната група од 10 до19 години).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 2.437 лица во хоспитални
услови или на домашно лекување, 30,4 отсто помалку во споредба со минатата недела (n=3.500).
Во текот на минатата недела пријавени се 407 реинфекции, со намалување од 37,1 отсто во однос
на претходната недела (n=647).

Пријавени се 12 смртни случаи, со намалување од 40 отсто во споредба со претходните седум дена. Најголем број од починатите се од Скопје (8), а пријавени се и по еден смртен случај од Валандово, Кратово, Охрид и Прилеп. Во однос на возрасната група 11 починати се над 60 години и еден починат
од возрасната група од 50 до 59 години. Девет од пријавените случаи се починати во болнички
услови и кај 11 се регистрирани коморбидитети.

Заклучно со 28.08.2022, пријавени се вкупно 339.881 случаи на COVID-19 (I=18.504,9/100.000).
Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци (30.236,0/100.000) и Скопје (26.334,1/100.000). Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка

Според извештаите од болниците, во текот на минатата недела се хоспитализирани 28 случаи (нови приеми), а моментално се хоспитализирани 120 лица (за пет помалку во споредба со претходната недела (n=125)), од нив 47 се на кислородна поддршка (двајца повеќе во споредба со претходната недела (n=45)), нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Регистрирани се 9.477 смртни случаи (Лт=2,8 отсто). Во однос на недела на пријавување најголем
број се регистрирани се во тек на 14-тата недела во 2021 (n=314) (Графикон 3). Најголем дел се
на возраст над 60 години (n=7.910; 83,5 отсто) со највисок специфичен морталитет –
1.797,2/100.000 жители. Регистрирани се 5.624 (59,3 отсто) смртни случаи кај лица од машки и
3.853 (40,7 отсто) кај лица од женски пол. Кај 7.602 (80,2 отсто) се регистрирани коморбидитети,
најчесто кардиоваскуларни (n=6.312), дијабетес (n=2.560) и белодробни (n=1.160).
Од реинфекциите, 26 завршиле со смртен исход. Регистрирани се девет смртни случаи кај бремени
жени и 41 смртен случај кај здравствени работници. Од смртните случаи, 818 (8,6 отсто) починале
во вонболнички, а 8.659 (91,4 отсто) во хоспитални услови, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Next Post

ГОБ „8-ми Септември“ со јапонски донации во вредност од 161.000 евра

Shortcut

Најново

Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk