ВМРО-ДПМНЕ ќе почне постапка за граѓанска иницијатива за собирање 150.000 потписи за собирање на потписи за распишување на задолжителен референдум. Референдумското прашање, како што изјави вечерва Мицкоски, ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија.
-Затоа референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди Извршниот комитет на партијата: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?, рече Мицкоски по завршувањето на седницата на ИК на партијата, којшто го усвоил референдумското прашање.
Во врска со тоа зошто е прашањето сложено, а не се оди само со тоа дали сте за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели оти се водело сметка за тоа кој какви ингеренции има и прашањето да не биде изговор на Талат Џафери дека тоа не е надлежност на Собранието.