ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Тој и тие

September 5, 2022 17:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Тој вели, ајде дами и господа, мораме да се качиме на бродот, одиме на нова планета, не смееме да останеме тука, а тие велат не, не, немојте да бегате од вистинското прашање, а тоа е: како се вработени тетката од сестра и снајката од прв братучед на докторот од Штип, чиј шура е шеф на космичката агенција на Мелмак, така некако, потоа тој објаснува од какво значење се презентациите, разговорите и договорите кои се направени за време на винскиот саем во Белград, не само за извозот на вино, а тие прашуваат колку души биле во расипничката делегација и колку чаши испиле со парите на народот, тој говори за епските целогодишни, непрекинати напори да се преброди енергетската криза, тие викаат ама како тоа во пет до дванаесет ќе одите во Бугарија. Или се фаќаат за некоја слична пропагандна флоскула собрана од плитките мозочни фиоки на опозициското зло.

Неверојатни работи.

Прашањата сами по себе не се нелегитимни, молам, интересот за нечие вработување е сосема на место, или колку чаши вино испил шефот на македонската делегација и кој тоа го платил, но контекстот и адресата се промашени, бе, другари, тоа е како во екот на војната и енергетската криза некој да го прашува Шолц зошто сојузната влада не преземе нешто рускиот гас да им мириса на колонска вода. Прашање е дали од неукост или од злоба. Но, мене ми се чини дека таканаречените новинари настапуваат како да се припадници на некаква македонска вагнеријанска формација за уривање на власта. Така се препарирани. Во Специјалната операција за освојување на медиумскиот простор.

Тие се шприцеви преку кои на луѓето им се даваат одредени супстанци за контрола на поведението преку плакнење на мозоците. И потоа се посматра нивното однесување. Вие сте инструмент, луѓето се заморчиња. Македонија е мала. Сто ушприцани типови во нашата фамилијарна и инцестуозна средина, можат да ја прошират болеста на глупоста кај 10.000 соплеменици. Тоа значи дека за тотално оглупавена нација вие треба да испразните 20.000 шприца.

Не ми се гледаат многу.

Хахаха!


Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

МАНУ е одново и одново најсилен поттикнувач на евроскептицизмот на земјава

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk