ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Околу 1.150 млади професионалци од 150 струки и 85 натпревари на „SwissSkills 2022“ во Берн

September 8, 2022 10:01
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Пред 120.000 очекувани посетители, најдобрите млади професионалци во Швајцарија ќе ги претстават вештините што ги научиле за време на нивното стажирање на SwissSkills 2022 во Берн.

Пред 120.000 очекувани посетители, најдобрите млади професионалци во Швајцарија ќе ги претстават вештините што ги научиле за време на нивното стажирање на SwissSkills 2022 во Берн.

Share on FacebookShare on Twitter

Заварувачи, керамичари и фризери, кројачи, готвачи и модни дизајнери, козметичари, часовничари и мајстори за пијано, се само дел од 150-те професии што ќе бидат претставени на годинашниот саем „SwissSkills“ во Берн, Швајцарија.

На саемот што се одржува од 7 до 11 септември, учествуваат околу 1.150 млади професионалци меѓу кои и лаборанти, водоводџии, шминкери, произведувачи на оргуљи, пекари, машински и електротехничари, резбари, изработувачи на накит, автомеханичари, мајстори за поправки на земјоделска механизација, фармери специјализирани за различни сточарски дејности, репаратори на мебел, монтажери на бекатон плочки,… Најдобрите од нив и практично ќе ги презентираат своите вештини и знаења, а посетителите ќе имаат можност да ги набљудуваат одблиску, но и директно да се вклучат во работниот процес.

Првите денови од саемот се резервирани за натпревари – вкупно 85 првенства за освојување на титулата „швајцарски шампион“, како и за демонстрирање на професиите, додека во недела на агендата е „Најдоброто од ‘SwissSkills’“ – програма посветена на учениците и родителите.

-„SwissSkills“ промовира извонредност во професионалната пракса, им дава на младите увид во различните професии и помага да се зајакне имиџот на стручното образование во Швајцарија. Меѓу 85 од 150-те различни професии кои ќе бидат застапени, ќе се одржуваат првенства, а околу 1 150 чираци и дипломци ќе се натпреваруваат за освојување на титулата „швајцарски шампион“. Млади професионалци од други 65 професии, пак, ќе го покажат својот талент во живо, директно демонстрирајќи ја својата струка, најавуваат организаторите.

Новинари од Република Северна Македонија ќе го посетат саемот и ќе се запознаат со швајцарскиот бизнис сектор, со асоцијации и здруженија, како и со швајцарските медиуми кои го поддржуваат саемот и пишуваат за стручното образование преку проектот „Образование за вработување“ https://www.e4e.mk/ кој ги поддржува реформите за стручно образование во Севеврна Македонија, а е поддржан од швајцарската Влада.

Историјата на SwissSkills почнува во 1953 година кога Швајцарија прв пат учествува на меѓународни натпревари за стручни вештини, а во 1963 година се организира во Берн. Со текот на годините, форматот на организацијата се менува од фондација во институција за натпревари за стручни вештини, името се менува од Swisscompetence во Swiss Skills. Форматот се зголемува од локално, кантонално и национално ниво, но сепак фунцкијата на саемот останува координирање, организација и промовирање на швајцарските првенства за стручни вештини, како и учество на светски првенства за стручни вештини. Во 2014 година се организира првото централно швајцарско првенство во Берн, додека во 2017 година SwissSkills преминува во јавно-приватно партнерство помеѓу државните институции, асоцијации и здруженија и приватниот сектор, со голема поддршка од медиумски партнери. Со подобрен формат, во 2018 беше организирано второто централно швајцарско првенство за стручни вештини кое достигна 120.000 посетители, со промоција на 135 различни занимања. Благодарение на високото ниво на медиумски интерес, SwissSkills 2018 се емитуваше на национални телевизии во живо. SwissSkills 2022 година се очекува да ги надмине сите претходни постигнувања, особено во поглед на број на занимања и број на посетители – https://www.swiss-skills2022.ch/de.

Next Post

Ќучук со честитка за Денот на независноста: Вие сте вредна членка на НАТО и заслужено ги започнавте преговорите за пристапување во ЕУ

НАЈНОВО

Калас: Со 19-от пакет санкции ја лишуваме Русија од можности за финансирање на војната во Украина

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025
Фото: МИА

Задржување на „Табановце“ до 40 минути, на „Блаце“ до 30 минути

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk