Референдумот треба да биде израз на врв на демократија. Но забораваме дека на локално ниво имаше неколку референдуми. Имаше во струмичко за рудниците, имаше во Центар и мене ми се помили тие референдуми, каде се применува директната демократија. Мислам дека секојдневниот живот е побитен од сите овие прикаски што ни се вртат веќе 30 години и од кои што не можеме да се ослободиме, вели меѓу другото новинарот Столе Наумов на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса: Со референдумот или на него“.
Според него, лошо е кога референдумот е алиби за неодлучни и нерешителни политичари.
-Ако беше проблем Договорот со Бугарија во 2017 година место да се напушти Парламентот, можеше на пример да се направи филибастеринги слично, изјави Наумов.
Извор: ЦивилМедиа