ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски од Атина: Договоривме непречено снабдување со лигнит, јаглен и мазут преку Грција

September 13, 2022 14:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Снабдување со лигнит и јаглен од рудниците во Грција во следниот период, снабдување со мазут, но и можност за грчка инвестиција со изградба на гасна централа до 200 мегавати, соопшти премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски од Атина, веднаш по средбата со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за македонските медиуми кои ја следат еднодневната работна посета во Грција, премиерот истакна дека во фокусот на разговорите со Мицотакис била енергетската криза и енергетската соработка во пресрет на тешката зима.

Откри дека на средбата што поминала во позитивна клима, станало збор за конкретни договори се со цел да има успешно справување со последиците од енергетската криза и војната во Украина.

За конкретните договори за снабдување со лигнит, јаглен и мазут преку Грција, потенцираше дека доколку има било какво ограничување за Грција, тоа нема да влијае на нас.

Имавме неколку конкретни теми на кои разговаравме и на кои постигнавме договор со Република Грција. Прво снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција ќе се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што ќе можат да бидат ставени во непречено функционирање производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“, рече Ковачевски.

Втората тема, додаде тој, на која постигнавме договор е непречено снабдување со мазут преку Грција како што и досега имавме снабдување со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“, со што ќе обезбеди снабдување на електрична енергија, исто така, и од овој капацитет.

Важно беше да се договориме со оглед на тоа што веќе се јавуваат недостатоци на енергенси и електрична енергија во цела Европа да обезбедиме непречено снабдување со овие енергенси и доколку се случи било какво ограничување од извозот од Грција се договоривме дека такво ограничување нема да биде воведено за Република Северна Македонија, истакна Ковачевски.

Премиерот посочи дека втората тема се големите проекти што се однесуваат на енергетската трансформација, прво во однос на изградбата на гасоводот преку Грција, интерконекторот „Евзони“ до Северна Македонија, односно до Неготино, веќе е отпочната процедура за маркет тест што треба да ја покаже економската исплатливост на оваа инвестиција и со оглед на тоа дека веќе има понуди за закупување на капацитети на овој гасовод, доколку се тече според планот, би требало изградбата да почне до крајот на годината.

Втората најавена инвестиција од страна на грчки инвеститори е големата гасна централа со капацитет до 200 МВ која што тие изразија желба да ја градат во Северна Македонија. Веќе се отпочнати анализи и штом ќе бидат завршени ќе може оваа голема инвестиција да биде претставена на Влада и во Собранието како стратешка инвестиција која ќе треба да обезбеди дополнителни количини на електрична енергија за Северна Македонија, меѓутоа и за регионот, истакна тој.

Ковачевски рече дека се разговарало и за проектот „Чебрен“ за кој веќе е отпочната процедура и после голем број на неуспешни обиди да има понуда и инвеститор кој е заинтересиран за изградба конечно овој пат имаме понуда која е од ППС, грчката компанија.

Таа ќе помине низ филтрите на евалуација од страна на комисија која што тоа го работи во рамки на нашите институции. И доколку евалуацијата покаже соодветност на понудата со очекувањата тогаш, исто така, до крајот на годината може да очекуваме потпишување и на договор за изградбата на овој би рекол најголем енергетски капацитет во регионални рамки кои би се градел, истакна премиерот.

Тој рече и дека неговиот колега Мицотакис изразил задоволство што Северна Македонија ги отпочна преговорите со ЕУ и што веќе сме на пат на полноправно членство, давајќи ги на располагање капацитетите со кои располага Грција во делот на европските интеграции со оглед на тоа што тие се една од постарите членки на ЕУ, како и експертска помош.

Next Post

Дејвид Гир за референдумот: Сè што води назад и ги попречува евроинтеграциите треба да се избегнува

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk