Продолжува расколот во ВМРО-ДПМНЕ. После Данела Арсовска и Никола Мицевски му го сврте грбот на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.
Оттаму нагласуваат дека Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски е со спротивен став од Мицкоски и радикален пресврт на ставовите.
„Изјавата на Никола Мицевски дека ВМРО-ДПМНЕ не се против промена на Уставот и внесување на Бугарите, како и другите делови на народи, значи радикално спротивставување на деструктивните политики на Мицкоски. Дали има некој на кормилото на бродот кој тоне?“, прашуваат СДСМ?