ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Разговорите со Бугарија за цената за набавка на струја не се завршени

September 19, 2022 15:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Разговорите за цената за набавка на струја од Бугарија не се завршени. Утре ќе имаме уште еден онлајн состанок заедно со мојот бугарски колега, но многу е важно во решавање на вакви ситуации да се придонесе во духот на добрососедството и продлабочување на соработката меѓу соседите, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, откако вчера Бугарското национално радио (БНР) објави дека Бугарија и Северна Македонија не успеале да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во земјава.

Во разговорите што ги имав со премиерот Ковачевски, со претседателот Радев, и со премиерот Донев и со мојот колега Христов и гледам добра волја за да имаме договор што ќе биде во корист на двете земји. Тука зборуваме за технички работи, зборуваме за да се справуваме заеднички со енергетската криза, посебно во делот на грејната сезона и политикантството е оставено на страна, изјави Бектеши, изразувајќи уверување дека со Бугарија ќе биде постигнат договор.

Тој рече дека вчера во медиумите се појавиле неколку наслови во врска со ова прашање, кои како што рече, сите од нив се невистинити.

Северна Македонија и јас како преговарач и другите секако дека никогаш не побарале да платат електрична енергија по цена на берзата заради тоа што тоа и сега го имаме. Веќе имаме договор со Грција, со Бугарија, со Србија и со Косово да нема застој во делот на пограничните капацитети што значи дека берзите се отворени и такви шпекулации во однос на тоа дека ќе има намалување за 15, 20, 30 отсто од берзанската цена се невистини. Разговарав со Стопанската комора, ние ги знаеме нивните очекувања и преговорите ги водиме согласно очекувањата на компаниите што се на слободен пазар и во делот на количините и во делот на цената. Што се однесува на тоа што е проблемот и зошто досега немаме договор со Бугарија веќе се најавени одредени мерки од страна на Европската комисија, што треба да ги реализира и Бугарија како членка на ЕУ. Чекаме кои ќе бидат мерките усогласени целосно со Европската комисија, со цел нашиот потенцијален договор да не се коси со такви мерки, рече Бектеши.

Тој и порача на опозицијата да не лиферува со бројки затоа што, како што нагласи, тука преговараат држава со држава, со цел да не упадне во преговорите заради тоа што Еврокомисијата веќе најави дека може да има замрзнување на цената на електрична енергија од 180 евра, а тие излегуваат со бројки од 400 евра.

Кој би потпишал договор од страна на Владата кога самата Европска комисија може да донесе одлука за замрзнување на цената на електрична енергија од 180 евра. Да не се креира ниту паника во општеството, ниту да се даваат погрешни информации. Многу далеку се пониски цените што ги бараме ние и тоа што е пренесено во јавноста. Ако се донесе да нема поголема цена од 180 евра во наредниот период во делот на електрична енергија во рамки на ЕУ, како може цената да биде 400 евра која би можеле ние да ја договараме. Тоа е вон логика. Имаше такви најави претходната недела, имаше такви предлози од страна на Фон дер Лајен и секако ние ги следиме тие случувања и ќе бидеме дел на тие мерки што ќе ги носи Европската комисија. Тоа е многу важно да се наведе, а дополнително на тоа ние ги знаеме очекувањата на нашето стопанство што е на слободен пазар, рече Бектеши.

На 5 септември премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев се договорија да бидат извезени околу 200 мегават часови електрична енергија од Бугарија во Северна Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk