ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ограничени маржи на основните прехранбени производи до крајот на годината, нема најави за забрана за проток на гас

September 19, 2022 17:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Немаме најава за забрана за проток на природен гас. Трговците редовно ги снабдуваат индустриските капацитети со гас, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Немам информација дека е запрен гасот за Северна Македонија. Имаме трговци кои редовно ги снабдуваат индустриските капацитети и другите потрошувачи со гас. Немаме никаква најава за забрана за проток на природен гас од интерконекторот што го имаме со Република Бугарија, рече Бектеши на прес-конференцијата по средбата со поглаварот на Исламската верска заедница.

Во однос на тоа дали ќе се склучи договор со „Макпетрол“ за набавка на природен гас, Бектеши рече дека за тоа треба да одлучи ЕСМ.

Ако ЕСМ има интерес во делот на цената зошто не би се склучел договор со Макпетрол или со други снабдувачи на гас. Ако цените се многу високи, ЕСМ има обврска да најде што поволна цена која нема да влијае на цените на потрошувачите, рече Бектеши.

Владината одлука за ограничување на маржите на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо, што истекува на 30-ти месецов, ќе биде продолжена до крајот на годината, најави министерот Бектеши.

Секторот за трговија во Министерството, како што информираше, веќе прави анализа за нивниот ефект и потребата од редизајнирање.

Веќе донесовме одлука како Влада да се ослободи увозот на сурово млеко од Турција и од други држави каде што има поголеми капацитети за увоз на сурово млеко што се преработува во нашата држава и после се продава како финален производ. Тие мерки коишто имаат рок до крајот на септември ќе бидат продолжени до крајот на годината од страна на Министерството за економија во делот на одредување на маржи. Веќе се прави анализа во Секторот за трговија какво влијание имале мерките и дали треба нивно редизајнирање. Ќе разговараме дополнително во текот на оваа и наредната недела со Стопанската комора за нивни дополнителни барања и можностите со кои ние располагаме во моментов и можеме да излеземе во пресрет, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање по средбата во ИЗВ каде побара поддршка за почитување на мерките за штедење струја оради енергетската криза.

Владата на 14 јуни донесе Одлука за замрзнување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо со важност до 30. месецов. Според одлуката маржата за бел леб, шеќер и сончогледово масло е пет отсто во трговијата на големо и на мало, а за јајца, брашно, макарони и шпагети од тврда пченица, бел ориз и млеко 10 отсто. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk