ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дејвид Гир: Процесот на скрининг се одвива позитивно со голем ангажман од македонската делегација

September 21, 2022 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на скринингот што започна на 15 септември со Европската комисија, се одвива позитивно со голем ангажман од делегацијата на Република Северна Македонија и тоа е долг процес кој бара вклученост од сите министерства, изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Процесот на скрининг започна на 15 септември. Има голема делегација од Република Северна Македонија, која е во Брисел. Се разбира дека тој процес почна од страна на Европската комисија со објаснувања во врска со стандардите и барањата коишто вашата земја треба да ги исполни се со цел да стане земја членка на ЕУ, така што се оди позитивно. Навистина има голем ангажман и голема вклученост од делегацијата на Република Северна Македонија, изјави Гир во Тетово каде присуствуваше на започнувањето на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“.

Евроамбасадорот оцени дела постои огромно партнерство во текот на скринингот, но нагласи тоа е долг процес кој изискува голема работа и голем ангажман од страна на сите министерства од вашата земја, така што наскоро ќе дојде и времето кога и Министерството за животна средина и просторно планирање, исто така ќе треба да се вклучи во него.

Тој појасни дека скринингот почнува со т.н. „Темели“ или „Основните вредности“ на ЕУ, коишто ги покриваат владеењето на правото, доброто владеење, реформите во јавната администрација и менаџирањето со јавните финансии.

Под овој скрининг процес се вклучени сите други сфери затоа што зборуваме за 33 поглавја за коишто треба да се преговара. значи, практично зборуваме виртуелно за сите поглавја коишто се поврзани со зачленувањето на вашата земја, додаде евроамбасадорот.

Скринингот ќе се состои од две подфази, односно процеси. Едниот е објаснувачки скрининг на кој Европската Комисија ќе направи ажурирање на релевантното право на ЕУ со оглед на тоа што се поминати неколку години од одржувањето на првичните објаснувачки состаноци, а истовремено на овој ќе тече и процесот на билатерален скрининг. Преку билатералниот процес земјата ќе треба да го презентира степенот на усогласеност со правото на ЕУ и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди. Процесите ќе се спроведуваат согласно новата Методологија на ниво на кластери, во период кој би траел најмалку една година.

Next Post
Џабир Дерала

Намалете малку од „режиските“ трошоци и направете повеќе за гладните и понижените во светот, направете повеќе за мирот и човековите права

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk