Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директор за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска имаа работна средба со италијаснкиот амбасадор во земјава Андреа Силвестри и експертот за безбедност и офицер за врска на Амбасадата на Италија, потполковник Масимо Пани.
Како што соопшти МВР, на средбата двете страни изразија голема благодарност за одличната соработка која трае веќе со години и нагласија дека односите помеѓу двете земји се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и рамноправноста.
– Политичките односи бележат нагорен тренд особено по интензивната размена на посети на високо и највисоко ниво во последниот период, се наведува во денешното соопштение од МВР.