Во Запорижја, во руски ракетен напад врз хуманитарен конвој загинаа најмалку 23 лица, а уште 28 беа ранети, објави на Телеграм Олександр Старук, шеф на регионалната воена управа на Запорижја, пренесува Укринформ.
„Засега знаеме за 23 загинати и 28 ранети. Сите цивили, наши сонародници. Горете во пеколот, проклетите рашисти“, напиша Старук.
Утринава руските окупатори извршија ракетен напад врз хуманитарен конвој кој се упати кон привремено окупираните територии.