fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок, ниту таква можност е отворена за во иднина

September 30, 2022 13:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија има професионална Армија, согласно потребите на земјата. Стратешка одлука која ќе продолжи да се применува и во иднина, исполнувајќи ги обврските како полноправна членка на НАТО, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Тој во одговорот на прашањето на МИА, да го изнесе неговиот став во врска со вчерашната изјава на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој предложи враќање на задолжително служење на воениот рок, одговори дека државниот врв не ја разгледувал можноста за враќање на задолжително служење во Армијата, ниту во изминатиот период, ниту пак таква можност е отворена за во иднина.

Укинувањето на обврската за задолжително служење на воен рок од 2006 година и целосната професионализација на Армијата е одлука што е донесена како дел од процесот на трансформација на Армијата, согласно анализите и проценките на ресурси и потреби на земјата, во целосна координација и консултации со НАТО, истакна шефот на државата и врховен командант на Вооружените сили.

Началникот на ГШ, генерал-потполковник Ѓурчиновски вчера во дебатниот магазин „Клик плус“ порача дека земјата би добила многу со враќање на служењето на војска. Тој смета дека служењето воен рок од три месеци би ги подготвило младите идни кадри.

Би добиле оспособување на кадрите за какви било можни ангажирања во случај на пожар, поплави, земјотреси. Би ги подготвило за сите овие пред малку што ги споменав карактеристики, на почитување на хиерархии, субординација, едно старешинство, помлад, постар, вештини кои сите вие повозрасните генерации сте ги стекнале додека служевте воен рок, рече вчера Ѓурчиновски.

НАЈНОВО

Ковачевски: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

December 1, 2023

Костадиновска-Стојчевска: Ја усогласуваме законската регулатива, за подобра заштита на културното наследство

December 1, 2023

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните измени, нека нема техничка влада и да одиме на избори

December 1, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Македонски медиуми снесле јајце со ликот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невиден срам за „медиумските ловорики“ по пресот на Лавров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лавров, седнат на бајонет, цинично и бездушно расправа за „колективниот Запад“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три дена не се собира сметот од контејнерите во Тетово-продолжува штрајкот на комуналните работници поради неисплатени плати и придонеси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk