ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Отворен Балкан на сликовит начин – Ќе разбере ли сега Мицкоски?

October 1, 2022 19:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворен Балкан е регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Моментно трите држави (Северна Македонија, Албанија и Србија) ја водат и развиваат иницијативата која има политика на отворени врати, особено за другите земји од Западен Балкан како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, но и за другите земји од регионот – членки на ЕУ.

Се поврзуваме за развој на нашите економии, за заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и за негов долгорочен развој кој ќе донесе подобар живот за сите граѓани.

Се работи за интеграција, наместо дезинтеграција, се работи за отворени наместо затворени граници, се работи за слобода наместо за ограничено движење, се работи за олеснување, наместо усложнување на процедурите, се работи за соработка наместо за непријателство, за напредок, наместо уназадување.

Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера за нашите луѓе веднаш да ја почувствуваат користа од она што го нудиме. Очекуваме таа полезност да биде почувствувана наскоро во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани.

Од политички аспект, Отворен Балкан е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и кон придонесување за секоја од земјите што поскоро да стане членка на Европската Унија.

Нови иницијативи:

  • Основање заедничка агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан
  • Промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација и врвно винско и гастрономко поднебје
  • Основање на регионален театарски фестивал на Отворен Балкан
  • Основање на регионален филмски фонд на Отворен Балкан
  • Организација на регионални младински размени, школи и фестивали
  • Намалување и отстранување на надоместоците и даноците што произлегуваат од постапката на прекугранично движење на луѓето, стоките или услугите

Меѓународна поддршка:

Отворен Балкан е иницијатива што е целосно поддржана од претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави.

Комесарот Вархеји истакна дека оваа иницијатива носи економска корист за земјите учеснички. Тој ги повика Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да се приклучат кон иницијативата.

Понатаму, Вархеји изјави дека ЕУ ја поддржува секоја регионална соработка која е заснована на вредностите на блокот.

Мора да продолжите да ја промовирате оваа иницијатива; регионот сака да биде цел во поглед на економијата и општеството. Се восхитувам на фактот колку сте приврзани за оваа иницијатива, најмногу затоа што е иницијатива што доаѓа од Балканот, а не од ЕУ. Вие продолживте, кога ние не успеавте, да го привлекувате учеството на сите засегнати страни од Балканот. Ова е најдобрата порака што регионот може да ја испрати, рече Вархеји во Тирана во декември 2021 година.

Претставници од Стејт Департментот во март 2022 година во текот на студиска посетата на координаторите на Отворен Балкан во Вашингтон ДЦ, искажаа силна и категорична поддршка за европската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, а особено за инклузивната, регионална, економска и политичка соработка што се развива преку конкретни иницијативи ориентирани кон резултати, како што е Отворен Балкан и кои се поздравени од граѓаните, компаниите и институциите и се усогласени со правилата и регулативите на ЕУ.

Габриел Ескобар, заменикот помошник секретар и специјален претставник за Западен Балкан, ја изрази својата директна поддршка за Отворен Балкан и неговото проширување.

Next Post

Прв академски час на УКИМ со физичко присуство по две КОВИД-години

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk