ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Радев: Бугарија е подготвена да го зголеми извозот на струја во Република Северна Македонија согласно европските правила

October 2, 2022 13:35
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека Бугарија е главен извозник на електрична енергија во регионот и дека е подготвена да го зголеми својот извоз во Република Северна Македонија во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство и интересот на бугарските граѓани и бизниси, јавува дописникот на МИА од Софија.

Радев изјави дека заедно со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, разговарале за можностите ЕУ финансиски да ги поддржи можностите на Северна Македонија за да се избегне евентуална ликвидносна криза во зима во однос на снабдувањето со електрична енергија во земјава.

Бугарскиот претседател изрази надеж дека ќе има напредок во оваа насока, но тоа, зависи од одлуката на европските институции, како и на Република Северна Македонија да ги упатат соодветните барања, за што, вели, Бугарија веќе помага. Радев рече дека Бугарија веќе има формирано заедничка работна група со Северна Македонија.

Преостанатите политички разговори меѓу двете земји, според Радев, се одвиваат во нормална атмосфера на меѓусебно почитување и пријателство. Многу е важно во Република Северна Македонија да се разбере, рече претседателот на Бугарија, дека спроведувањето на билатералните обврски треба да продолжи што е можно поскоро. Тоа е гаранцијата за забрзување на европската интеграција за Република Северна Македонија, рече Радев и потсети дека вистинските преговори за нејзино членство согласно преговарачката рамка не се започнати, а ќе почнат, кога земјата ќе ги вклучи Бугарите во својот Устав. Треба да се решат сите прашања што се одложуваат долги години. Неизбежен е разговорот за заедничката историја со Република Северна Македонија.

Очекувам државниците во нашата пријателска земја да покажат политичка мудрост и да ја градат европската иднина на Република Северна Македонија ослободена од идеологиите на минатото, вели бугарскиот претседател Румен Радев.

За време на престојот во Софија, вчера, по повод официјалното пуштање во комерцијална употреба на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ), Пендаровски имаше средби со претседателката на Еврокомисијата, Фон дер Лајен и со бугарскиот претседател Радев, на кои главни теми беа актуелната енергетска криза и очекувањата за помош од ЕУ во справувањето со неа. Во Бугарија денеска се оддржуваат нови предвремени парламентарни избори, четврти во последните две години.

Next Post
Германската амбасадорка во Северна Македонија, Анке Холштајн (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Холштајн за Цивил Медиа: Може да се сруши систем и да се ослободи патот за демократијата и слободата без насилство

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk