ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССК: Да се овозможи инсталирање фотоволтаици паралелно со обезбедувањето дозволи

October 5, 2022 16:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на прогласена кризна состојба, да се дозволи поставување фотоволтаични панели паралелно со обезбедувањето на потребните дозволи и целокупната документација, бара Сојузот на стопански комори (ССК).

Според Сојузот, голем број компании се подготвени да инвестираат во фотоволтаици и веќе ги имаат направено неопходните набавки, но процесот е закочен заради бирократските процедури за обезбедување дозволи.

Барањето е неопходно, разумно и не ангажира никакви дополнителни средства за реализација од страна на државниот буџет, а ќе се дозволи компаниите со свои инвестиции да ги намалат и енергетската зависност и сметките за електрична енергија, наведува ССК.

Владата и надлежните институции, оценува Сојузот, треба брзо и ефикасно да постапат и да преземат се

што е во нивна надлежност за создавање подобри услови за работење на бизнисите во услови на криза.

Состојбата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително предизвикувачка и неопходно е итно и неодложно да се обезбедат соодветни, таргетирани и реални мерки за поддршка. Енергетската криза му задава тежок удар на стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната енергија на берзите веќе почна да предизвикува затворање на одредени производни капацитети. Уште во август доставивме 14 барања за мерки од кои со најголемо значење се тие за ограничување на цената на струјата до одредено ниво до кое ќе ја плаќаат претпријатијата, додека над тоа ниво да ја плаќа Владата преку фондови наменети за енергетска кризна состојба како и обезбедување на струја од домашните производни капацитети, по поповолна цена за стопанството, наведува ССК.

Во рамки на пакетот мерки што го подготви Сојузот во соработка со експерти беше и барањето за укинување на ДДВ за фотоволтаици и опрема за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали количината на енергија која се ангажира за загреење на објектите.

Со цел да се дестимулира употребата, потребно е да се воведе дополнителен данок за користење енергетски неефикасни уреди за загревање, а во Скопје и во другите градови каде има можност, треба да се обезбеди бесплатно приклучување на систем на централно греење, истакнува ССК.

Сојузот предлага и мерки за зголемување на енергетската ефикасност, меѓу кои оданочување со повисок данок на стариот тип светилки со вжарено влакно кои во продавниците треба да се одвојат на посебен рафт и да се обележат како енергетски неефикасни, во Законот за градење да се изврши измена со која при градбата на нови објекти задолжително да постои обврска за монтирање енергетски ефикасни решенија и фотоволтаици на крововите. Потребно е и да се класифицираат новите градби според степенот на енергетската ефикасност и еден дел  од комуналните давачки да се одредува според  енергетска класа на објектот, дополнува ССК.

Next Post

Пенов е таткото на современата функционалност на Скопје: Новата Автобуска, Водњанска, Плоштадот, стазата на Кејот, Мостот кај Транспортен...

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk