ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Од ноември треба да почне исплатата на помошта за ранливите категории граѓани и пензионерите

October 10, 2022 21:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Планот е од ноември да почне исплатата на финансиската поддршка за ранливите категории граѓани и за пензионерите, истакна вечерва премиерот Димитар Ковачевски, зборувајќи за помошта што ја определи Владата за справување со енергетската криза во државата.

Тој, во интервјуто на ТВ 24 појасни дека исплатата на неколкумесечната финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, односно 41.878 лица коишто ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно четири месеци по 3.000 денари и поддршката за пензионерите кои земаат пензија во висина од 11.525 денари до 14.000 денари, ќе оди со измени во законската регулатива.

Денеска на Влада донесовме одлука да се подготви закон за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани во време на криза. Намерата е од ноември да почнат исплатите на финансиските средства за овие категории на граѓани, 41.878 од ранливите категории и на 130.000 од категоријата на пензионерите. Се опфаќа поширок спектар на граѓани. Од ноември е планот да почне. Јас се надевам дека политичките партии и сите пратеници во Собранието ќе бидат на висина на својата задача и веднаш, штом ќе биде во текот на оваа недела доставено законското решение, дека ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде одобрено, нагласи Ковачевски.

Ковачевски најави и дека ќе се обезбеди продолжување на субвенционирањето на електрична енергија за 610.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи со средства од Буџетот.

Вкупната сума која ќе биде исплатена од Буџетот надминува 220 милиони евра само за субвенција на струјата која ја плаќаат граѓаните. Доколку не е таа субвенција, која ја дава државата преку ЕСМ за да може да произведе струја која е поевтина и да ја продаде по пониска цена од пазарната на ЕВН, сметките на граѓаните би биле петпати поголеми, рече Ковачевски.

Премиерот нагласи и дека оваа година нема да има ребаланс на Буџетот, туку ќе се пристапи кон прераспределба на средствата.

Секоја промена на Буџетот оди како ребаланс или како прераспределба, која исто така ја спрема Владата и се поднесува на одобрување во Собранието, таква една ќе имаме сега од над 100.000 милиони евра каде што се кратат одредени трошоци за коишто сметаме дека не се неопходни во услови на криза, да се пренаменат за справување со кризата, односно обезбедување на се што е потребно за непречено снабдување со електрична енергија, храна и исплата на антикризните мерки. Тоа значи дека приходите на Буџетот, задолжувањето кое што го направивме, како и дефицитот којшто е проектиран, обезбедуваат исплата и финансирање на сите овие издатоци коишто се предвидени, појасни Ковачевски.

Премиерот, осврнувајќи се на заемот обезбеден од ММФ, рече дека тој ќе биде повлекуван оваа година, идната и година по неа и оти каматата е помеѓу еден и два проценти, а потоа дека ќе оди сукцесивно враќањето, како што заздравува буџетското функционирање на државата.

Бевме обвинувани од опозицијата и се потврди дека е без основа и од постигнатиот договор се гледа дека од добрите економски политики, стабилната и фискална и монетарна политика, ММФ го одобри овој инструмент. Тој ќе биде исплаќан оваа година, идната и наредната година и каматата е помеѓу еден и два проценти, а потоа сукцесивно оди враќањето, како што заздравува буџетското функционирање на државата. Овој инструмент се користи за поддршка на буџетот и девизните резерви, потенцираше Ковачевски.

Next Post
Васко Лазаревски

11 Октомври 2022. Борба за утре, не за некни

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk