ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Концерт на воениот оркестар по повод 30 години Армија и Денот на народното востание

October 11, 2022 09:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Воениот оркестар на Армијата вечерва ќе одржи едночасовен вечерен концерт во Домот на Армијата во Скопје. Концертот се организира во рамки на активностите со кои се одбележува 30-годишниот јубилеј на Армијата и во чест на Денот на народното востание – 11 Октомври.

– На концертот, во составот на армискиот воен оркестар ќе учествуваат и припадници од воениот оркестар на Армијата , солисти и уметници од реномираните национални музички институции, како и самостојни музички изведувачи, информираат од Министерството за одбрана.

Како што се наведува соопштението, репертоарот на концертот, што во рамки на јубилејната година се изведува под слоганот „Безбедност, стабилност, доверба“, содржи музички нумери од македонската евергрин сцена, војнички композиции, но и композиции на познати светски автори, како Лучијано Фелицијани, Ричард Штраус, Густав Холст.

– На концертот покрај началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменикот на министерката за одбрана, Башким Хасани, военото раководство од Генералштабот и Министерството за одбрана и припадници од командите и единиците на Армијата, како гости се очекува да присуствуваат и претставници од Собранието и Владата на Република Северна Македонија, претставници од амбасадите и воено-дипломатскиот кор и други, се вели во соопштението.

Од Министерството посочија дека вечерниот концерт е дел од планираните активности со кои годинава, Армијата одбележува 30 години од своето формирање, но и со кој се промовира соработката и заедништвото со сојузничките армии.

Концертот ќе може да се проследи преку директен пренос на третиот програмски сервис на МРТ со почеток во 20:00 часот, како и на Јутјуб каналот и Фејсбук-профилот на Армијата.

Next Post

Нè очекува релативно поблага зима, со повеќе изгледи за снег во втората половина

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk