ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Спасовски на 73. Сесија на УНХЦР во Женева: Државата и МВР даваат силна поддршка на Глобалниот пакт за бегалци и миграција

October 11, 2022 11:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на општата дебата на 73. Сесија на Извршниот комитет на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева.

Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи со кое имам чест да раководам, отсекогаш имале проактивен и отворен пристап, отсекогаш биле и ќе останат активен и кредибилен партнер на Обединетите нации, а особено на УНХЦР, истакна министерот Спасовски во своето обраќање при што додаде дека во однос на Глобалниот пакт за бегалците и Глобалниот пакт за миграцијата, државата даде и дава силна поддршка и изнесени се неколку заложби кои се во најголем дел исполнети.

Подолго време наназад, посочи Спасовски, работиме на усогласување на нашето законодавство со европското, усвоени се повеќе документи од областа на азилот односно миграциите, директиви на ЕУ и истите се во висок степен вградени во нашата позитивна легислатива.

Потенцира дека меѓу главни приоритети на МВР на овој план е продлабочување и одржување на меѓународната соработка со земјите од регионот, со земјите на транзит и со земјите на потекло, со агенциите на ЕУ и други релевантни меѓународни организации, како и преку активно учество во бројни меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси.

Тој рече дека во тек се и повеќе проекти со цел натамошно синхронизирање со ЕУ стандардите, не само во делот на управувањето со миграциите туку и во граничното управување во целина.

Изминатава година успешно беше финализиран и твининг проектот „Усогласување на националните системи за гранично управување со барањата на ЕУ и Шенген“ во чии рамки е изготвена Националната стратегија за интегрирано гранично управување на Република Северна Македонија, согласно Европскиот концепт за Интегрирано гранично управување, истакна министерот Спасовски.

Тој се осврна и на значителниот исчекор кон зголемено управување со границите и управување со нерегуларната миграција, што е, како што рече тој, од заеднички интерес на Северна Македонија, на Европската Унија и на  УНХЦР.

Имено, особено ми е драго да го информирам овој ценет аудиториум дека преговорите за Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража се завршени и дека во најскоро време истиот се очекува да биде потпишан како прв договор на ниво ЕУ – Северна Македонија, како земја со исто така од неодамна, веќе се отпочнати преговори за членство во ЕУ”, појасни министерот Спасовски, при што го нагласи и ставот на Европската комисија дека договорот ќе придонесе во борбата со нерегуларната миграција и воопшто, ќе придонесе за засилена безбедност на надворешните граници на ЕУ односно во регионот.

Во своето обраќање, меѓу другото Спасовски се осврна и на позитивниот аспект на меѓународно позиционирање на Северна Македонија со приемот во НАТО во март 2020 година и прогресот од 2017 година во поглед на  владеењето на правото, демократијата, човековите права, развојот на моделот на мултиетничките односи, надополнето со посветениот ангажман кон регионалната соработка и добрососедството, како резултат на што Република Северна Македонија од 2023 ќе ја преземе улогата на претседавач со ОБСЕ.

Тој на крајот од своето обраќање порача дека Република Северна Македонија и натаму останува силен поддржувач на ОН, посветен и одговорен партнер во глобалниот дијалог и силен и како таков-општо признаен генератор и столб на мир, стабилност и безбедност во балканскиот и европскиот регион, и пошироко.

 

Next Post

Фатен крадец на дело во Прилеп, одземеното вратено на сопственикот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk