Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски по повод Денот на народното востание – 11 Октомври на централниот настан на Спомен Костурницата во Куманово.
По повод 11 Октомври во текот на денешниот ден, освен во Куманово ќе се одржат свечености во Скопје и во Прилеп. Со посебни почести владина делегација предводена од вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, а во состав со Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, во 11:15 часот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на „Ослободителите на Скопје”, на платото кај Владата на Република Северна Македонија, по што вицепремиерката ќе даде изјава по повод празникот.
Како дел од чествувањето на празникот 11 Октомври, официјална владина делегација ќе учествува на настан во Општина Прилеп со почеток во 9:30 часот пред споменикот Методија Андонов-Ченто.
Владината делегација во Прилеп ја предводи Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, а во делегацијата се и Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство, Џемил Ќамили, директор на Агенцијата за развој на земјоделство.







