ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни, предаторите се повеќе го користат интернето

October 18, 2022 13:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од осум жртви на трговија со луѓе годинава, седум се малолетни. Генерално, трговијата со луѓе како кривично дело се повеќе се прави преку Интернет, а загрижува и фактот што возрасната граница се намалува и доколку жртвите пред десетина години биле од 16 години нагоре, сега жрвтите се од 10 до 17 години. Криминалците се повеќе ја таргетираат онаа група што најмногу го користи интернетот, а најмалку се информирани за опасносните.

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе – 18 октомрви, МВР заедно со партнерите од ОН, Советот на Европа и Отворена порта ќе поделат брошури за подигање на свеста на учениците за опасноста од злоупотреба на компјутерската технологија низ 33 училишта во земјава.

Државната секретарка на МВР и национална координаторка за борба против трговија со луѓе Магдалена Несторовска посочи дека генерално самата трговија со луѓе како кривично дело се повеќе се прави преку злоупотреба на информатичката технологија.

Користењето на онлајн комуникацијата за криминалците овозможува поголема анонимност и поголема профитабилносот и заради тоа се повеќе се ориентираат на регрутирање и контрола на жртвите преку интернет комуникација, изјави Несторовска.

Несторовска посочи дека од осум жртви на трговија со луѓе годинава, една е конкретно жртва преку онлајн комуникација.

Според извршната директорка на „Отворена порта“ Јасмина Димишковска Рајковска, модерното време и употребата на интернет и технологија ги изложува децата се повеќе на ризик, посочувајќи дека резултатите од нивните истражувања покажуваат дека децата ги користат социјалните платформи „Снепчат“, „Твитер“, „Инстаграм“ и т.н. стапуваат во контакт со лица кои ги познаваат и не ги познаваат.

Загрижува делот што открива дека најголем дел од нив стапиле во контакт со лице што не го познаваат, а подоцна дел од нив оствариле и физички контакт со такви лица, изјави Рајковска.

Родителите, порача Рајковска, треба да внимаваат на кои платформи се децата и да водат малку повеќе контрола за тоа што прават децата и со кого комуницираат на интернет. Истовремено, според неа, треба да се разработат и стратегии за подигање на свеста кај децата за ризикот од интернет и како безбедно да се користи.

Next Post

Османи-Фајон: Секоја провокативна изјава и навреда кон граѓаните на Северна Македонија бара реакција

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk