ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Град Скопје го блокираше Град Скопје, баш ме заболе дали го згрешиле знамето на Словенија

Фејсбук статусот на Мартин Пановски беше добитен за да стане наслов на оваа анализа, но суштината оди подлабоко…

October 19, 2022 20:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук статусот на Мартин Пановски беше добитен за да стане наслов на оваа анализа, но суштината оди подлабоко…

Возачите и другите вработени во ЈСП излегоа на протест со автобуси на јавното претпријатие за да блокираат сообраќајници и да го изразат револтот од тоа што не зеле плата за септември, но зошто тоа го прават со трошење народни пари?

Кој им дозволил да трошат гориво на десетици автобуси во остварувањето на своите права? Во период кога владее криза и кога Владата се обидува да воведе мерки на штедење, а при тоа и самото претпријатие напоменува дека е во слаба финансиска кондиција и секој следен месец е прашање дали ќе имаат пари за гориво, возачите денеска покажаа неодговорност и потрошија голема количина гориво во остварувањето на своите лични права.

Легитимно е прашањето зошто градоначалничката Данела Арсовска не го спречила ваквиот начин на протест, зошто не ги седна вработените во ЈСП и со нив да договори како да се надмине проблемот со празната градска каса и како да им излезе во пресрет и да им обезбеди плата? Затоа се наметнува потребата од одговоност кај Арсовска и кај директорот на ЈСП кои практично со јавни пари застанаа против граѓаните.

Цел ден предизвикуваат хаос во сообраќајот, а граѓаните го совладуваат метежот видно нервозни. Значи денеска во Скопје имаме ситуација како вработените користат автобуси од јавниот превоз купени со пари од граѓаните, користат гориво купено со пари на граѓаните, а протестот го претворија во блокада на истите тие граѓани кои издвоиле да се купат автобусите и горивото. Вака вработените во ЈСП нема да ја постигнат целта и нема да ја придобијат јавноста на нивна страна. Тие и самите знаат дека за лошата финансиска состојба во нивната фирма вината е во Градот Скопје, поточно кај градоначалничката Арсовска, па затоа таму е вистинската адреса на која треба да протестираат и да си ги бараат парите. Не може своите пари да ги бараат со неодговорно трошење на јавните пари.

Само за споредба, многу категории граѓани доаѓале пред Владата да протестираат, многу од нив и со превозни средства, но не на сметка на сите граѓани. Земјоделците често излегуваат со трактори и други земјоделски машини, но на свој трошок. Само така протестите имаат автентична форма и се искрени во намерата да издејствуваат пари од надлежните институции. Но, во случајот со ЈСП протестот има сосема поинаква димензија, ја загрозува градската каса, која и онака е празна.

Д. Е.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk