ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Битиќи: Со РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и штедење ќе имаме струја цела зима

October 20, 2022 23:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сите капацитети на државата за производство на струја ги користиме, но за жал ние имаме производствени капацитети стари и по 40 години. Во РЕК Битола најновиот блок е стар 42 години и ако немате редовно и добро одржување тогаш тој систем нема да може да испорача електрична енергија. ТЕЦ Неготино го вклучивме минатата година, таму имало пред 12 години последна интервенција и потоа 12 години ТЕЦ Неготино не работел. Инаку, последните три недели работат двата котли таму и повремено ќе прекинат за да се санираат некои проблеми, но повторно ќе бидат вклучени двата котли. Во РЕК Битола работат двата блока, а од ноември очекуваме и третиот блок да стартува. И согласно сите мерки за штедење во јавниот сектор, но и кај домаќинствата, очекувано е да имаме доволно струја. Ние отсекогаш сме знаеле дека сме зависни од увоз на струја, но при тоа никогаш не се инвестирало во нови капацитети.Очекувам дека конечно ќе имаме успешен тендер за Чебрен и дека и таму ќе започне да се произведува електрична енергија.“- изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања на телевизија 21.

Тој нагласи дека Владата на 70 илјади компании им помага да ја платат струјата

„Ние во јуни за 68 илјади компании имаме обезбедено гарантирана цена на струјата која ќе биде гарантирана во следните шест месеци. Прашањето е дали таа цена е соодветна на пазарните услови и како тие компании ќе ја платат струјата во целата оваа економска криза. Не можете да најдете исто решение за сите. Секое евро ни прави импликации во буџетот, имаме дејности за кои имаме ограничување дали можеме да ги поддржиме. Се обидуваме да најдеме енергенси од надвор на слободниот пазар, но многу обиди се покажаа како невозможни. “- изјави Битиќи

„После низа години Бугарија ослободи транспорт на гас, што ни дава алтернатива за обезбедување гас. Сите владини одлуки се донесени кај нас, во Бугарија, во Европа и сето тоа е резултат на нашите постојани контакти. Движењето на цената на струјата ги изместува плановите. Членките на ЕУ треба да покажат солидарност и кон државите кои не се членки, но тоа ќе даде можност и ние да влеземе во таков аранжман. Може решенијата не доаѓаат брзо, но тоа е така насекаде.“- рече Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека се прави сѐ за фиксна цена на струјата за прехранбената индустрија

„Се прават напори за помош на компаниите, пред се за компаниите од прехранбената индустрија, бидејќи тие таргетираат основни производи. Размислуваме за различни мерки, од кои една е фиксна цена на струја од до“ рече вицепремиеротБитиќи.

Тој додаде дека Владата ќе е во можност во текот на оваа година да одговори со таков пакет помош за стопанството.

„Преговараме со компаниите и тоа нема да е мерка само за еден месец, туку со некоја извесност од некоклу месеци, колку што е тоа можно во ваков период“ рече Битиќи.

Владата е подготвена да го поддржи стопанството со цел да се спречи економијата да влезе во рецесија и да се загубат илјадници работни места, потенцира Фатмир Битиќи во „Клик плус“ на ТВ21..

Next Post

(ВИДЕО) Митрески: Тоа што важи за граѓанските здруженија мора првенствено да важи за политичките партии во борбата против фашизмот

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk