ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Џонсон и Сунак фаворити за премиерската функција во Велика Британија

October 21, 2022 13:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Борис Џонсон и поранешниот министер за финансии Риши Сунак се потенцијални кандидати за нов британски премиер. Ден по оставката на Лиз Трас кандидатите бараат поддршка за лидерската функција на Конзервативната партија.

По оставката на Трас, оние кои сакаат да ја заменат се обидуваат да ги обезбедат стоте гласови од конзервативните пратеници потребни за кандидатира за премиерската функција.

Потрагата по петтиот британски премиер во последните шест години доаѓа во време кога на Ториевците, според анкетите, им се заканува неуспех на изборите. Опозициската Лабуристичка партија бара предвремени избори, што редовно би се одржале најрано до крајот на 2024 година.

Новиот лидер на Конзервативната партија ќе биде објавен в понеделник или в петок следната недела.

Најмногу шанси за премиер заедно со Сунак има Џонсон, кому пратениците пред само три месеци му изгласаа недоверба.

„Мислам дека докажа дека може да ги сврти работите. Тој може да го направи тоа повторно. Сигурен сум дека моите колеги ќе ја слушнат таа порака јасно и гласно“, рече конзервативниот пратеник Пол Бристоу за Џонсон на радиото „Ел-Би-Си“.

„Борис Џонсон е фигура од која Лабуристите се плашат, Борис Џонсон може да победи на следните избори“, додаде тој.

Но, на Џонсон нема да му биде лесно да собере сто гласа после скандалите и обвинувањата за злуопотреби што го одбелеаа неговиот тригодишен премиерски мандат.

Еден од неговите поранешни советници, кој повеќе не разговара со Џонсон и зборуваше под услов да остане анонимен, за британски медиуми изјави оти не верува дека неговиот поранешен шеф ќе собере доволно гласови бидејќи отуѓи голем број конзервативци за време на неговото владеење.

Битката за премиерската функција започна вчера, само неколку часа откако Трас ја објави својата оставка што го направи нејзиниот премиерски стаж најкус во историјата на државата.

Сунак, поранешен аналитичар на „Голдман Сакс“ кој стана министер за финансии со пристигнувањето на пандемијата на Ковид-19 во Европа, е фаворит кај обложувалниците, а по него е Џонсон. Трета е Пени Мордоунт, поранешна министерка за одбрана популарна кај сопартијците.

Никој од нив сè уште официјално не ја објавил својата кандидатура.

Next Post

Скопските локали Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо, казнети за пуштање гласна музика

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk