Европската Комисија со инфографик на социјалните мрежи прикажува дека ЕУ брзо ја намалуваме зависноста од рускиот гас.
Кризната база на податоци на Европската унија ја одразува оваа фундаментална промена во енергетска политика на ЕУ, велат од Европската комисија.
„Увоз на течен природен гас (LNG) е повеќе од двојно зголемен од август 2021 година.
Снабдувањето на гасоводот од алтернативни правци е зголемено за 10%.Во меѓувреме, масовно инвестираме во обновливи извори на енергија.
Тие се домашни извори на енергија кои се добри не само за животната средина, туку и за нашата енергетска независност.
Оваа година веќе имаме рекордно распоредување и испорака во обновливите енергии“, се наведува во објавата на Инстаграм од Европската комисија.