ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Германија ќе легализира поседување до 30 грама канабис и продажба за рекреативни цели

Реформата, за која Лаутербах рече дека најверојатно нема да стапи на сила пред 2024 година, доколку е во согласност со законите на ЕУ, ќе ја направи Германија една од најлибералните земји во Европа во однос на легислативата за канабисот.

October 27, 2022 15:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германскиот министер за здравство во средата ги откри плановите за декриминализирање на поседувањето до 30 грама канабис и дозволување на продажбата на кнабис на возрасни за рекреативни цели на контролиран пазар.

Останува прашањето дали планот одобрен од Кабинетот ќе се реализира, бидејќи Владата најпрво сака да биде сигурна дека е компатибилен со Законот на Европската унија.

Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека ќе продолжи со легислатива доколку таа има основа во европското законодавство.

Планот предвидува продажба на канабис на возрасни лица на лиценцирани продажни места, а целта е борба против организираниот криминал и црниот пазар, рече Лаутербах. Тој додаде дека владата има намера строго да го регулира пазарот.

Според предложената легислатива , одгледувањето канабис дома ќе биде дозволено во ограничен обем (до три растенија), а продажбата ќе биде можна во лиценцирани продавници и потенцијално во аптеки.

Продажбата на медицински канабис е дозволена во германските аптеки од 2016 година

Употребата на канабис би била дозволена само за возрасни, додека таа и понатаму е законски забранета за сите помлади од 18 години.

Според Лаутербах, четири милиони луѓе во Германија користеле канабис минатата година, од кои четвртина се млади луѓе на возраст од 18 до 24 години.  Според Законот, нема да биде дозволено рекламирање за промовирање на потрошувачката на канабис.

Либерализација на законите за канабис

Легализирањето на контролираната продажба на канабис е една од серијата реформи наведени во минатогодишниот коалициски договор меѓу трите социјално либерални партии кои ја сочинуваат Владата на канцеларот Олаф Шолц.

Тие рекоа дека планот ќе обезбеди контрола на квалитетот, а истовремено ќе ги заштити младите луѓе и се согласија дека „социјалните ефекти“ од новата легислатива ќе можат да се видат по четири години.

Реформата, за која Лаутербах рече дека најверојатно нема да стапи на сила пред 2024 година, доколку е во согласност со законите на ЕУ, ќе ја направи Германија една од најлибералните земји во Европа во однос на легислативата за канабисот.

„Ова ќе биде, од една страна, најлибералната либерализација на канабисот во Европа, а од друга страна, ќе биде и најстрого регулираниот пазар“, рече Лаутербах, додавајќи дека реформата може да биде „модел“ за Европа.

Владата нема да одредува цена, рече Лаутербах, туку ќе цели кон поставување на барања за квалитет.

Меѓу другите планови за либерализација, владата ја отстрани од германскиот кривичен законик забраната лекарите да „рекламираат“ услуги за абортус.

Владата, исто така, сака да го укине Законот стар 40 години според кој се  бара од транссексуалците да добијат психолошка проценка и судска одлука пред официјално да го променат полот, процес кој често вклучува интимни прашања. Тој треба да биде заменет со нов „закон за самоопределување“.

Подготви: А. В.

Извор: Еуроњуз 

Next Post

МНР на Украина: Нелегалното посвојување на украински деца во Русија ја крши Женевската конвенција за заштита на цивилни лица во време на војна

Shortcut

Најново

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk