ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тупанчески: Она што го кажа Фон дер Лајен влева надеж дека сме на вистинскиот пат за реформите во правосудниот систем

October 27, 2022 08:30
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески во синоќешното гостување во дебатната емисија 24 Анализа рече дека она што го кажа претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен на прес-конференцијата влева надеж, оптимизам дека сме на вистинскиот пат во однос на реформите во правосудството.

-Траекторијата по која се движиме во моментов е вистинската патека до која што треба да се стигне..Извештајот за напредокот во нашата држава е компломентарен и содржи повеќе сегменти. Посебно се апострофирани неколку прашања, едното од нив е правосудниот систем, вториот корпус на прашања се однесува на борбата против корупцијата, третиот корпус е борба против организиран криминал и четвртиот, тероризмот и насилниот екстеремизам. Значи сублимат или заедничка карактеристика на сите овие подрачја што ги спомнав е дека има умерено подобрување, рече Тупанчески.

Тој се осврна и на реформите во правосудниот систем кои според него не може да се случат преку ноќ, но сепак се интензивирани и се очекуваат конкретни резултати.

-Северна Македонија се наоѓа на 63 место од 140 држави според „Индексот на владеење на правото“ на вашингтонската невладина организација „World Justice Project“ што е за едно место подобро рангирана во споредба со минатата година кога бевме на 64 место, потенцира Тупанчески.

Тупанчески смета дека постојат начини и механизми како да се утврди потеклото на имотот.
Идејата за нов Закон за потекло на имот никогаш не била најавувана од страна на министрите за правда во изминативе години туку иницијално доаѓала од вицепремиерите за борба против корупцијата.
-Без оглед на статусот што го имате во општеството, секој треба да се одговара според она што  го направил. Неслучајно го спомнав Кривичниот законик што не е само за ЈО и за судот. Има и други институции кои што би требало да ја утврдуваат противправноста на имотот. Улога треба да има и Антикорупциска комисија. Кривичното дело 359а што се однесува на  противправно стекнување и прибарување имот, предвидува казна затвор од најмалку пет години затвор, рече Тупанчески во 24 Анализа во која  гостуваше и членот на ДКСК Владимир Георгиев.
Next Post

Договорот со ФРОНТЕКС и поддршката за енергетската криза доказ за силното партнерство на Северна Македонија и ЕУ

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk