ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Законските измени за здруженија и политички партии денеска на комисиска дебата

November 1, 2022 08:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и на Законот за политичките партии, поднесен од СДСМ, денеска се на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија, пренесува 360 сепени.

Пратениците пред две недели дадоа зелено светло Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се донесе по скратена постапка. Од присутните 84 пратеници, сите гласаа „за“.

Со законските измени кои ги предлага опозициската партија, би требало се ставило крај на, како што велат, отворање здруженија и фондации чии програми и цели се насочени кон уривање на уставниот поредок на земјава, кон поттикнување на воена агресија, како и кон разгорување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, екстерминација, поттикнување и одобрување фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх, како и преземање активности поврзани со тероризам или активности спротивни на Уставот.

Измените на овој закон предвидуваат дека за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда, по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности.

Собранието, исто така, едногласно, со вкупно 76 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, даде поддршка по скратена постапка да се донесе и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за политичките партии, поднесен пратеничката група на СДСМ. Целта на предлогот е да се зголеми транспарентноста и дистанцирање од фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот.

Во образложението на Законот, објавен на веб страната на Собранието, стои дека со Предлог-законот се заштитуваат демократските вредности како и принципите на правната сигурност на граѓаните во едно демократско општество.

Предложените законски измени на двете партии следуваат по отворањето бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности, пак, вчера го оцени негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд.

„Не само во историската наука туку и во колективната меморија на граѓаните, на населението, без разлика на етничката припадност, ликот на царот Фердинанд не се перципира позитивно со оглед дека како владетел со Бугарија на преминот од 19 во 20 век иницирал повеќе воени активности на територијата на Македонија. Независно кој го иницира ова здружение, неговото основање би предизвикало вознемиреност кај македонската јавност“, изјави Бобан Петровски, претседавач на со Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности при именувањето граѓански здруженија и фондации, универзитетскиот професор

Next Post

ОЈО Скопје и ЗНМ прецизираа насоки за постапување по предмети поврзани со безбедноста на новинарите

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk