ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Нуредини: Зголемување на отпoрност кон климатските промени на Шар Планина и Корабскиот Масив значи поголема безбедност за населението и природата

November 2, 2022 12:11
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На студиската регионална консултативна работилница на ОБСЕ „Климатските промени и безбедноста на Шар Планина/Шара и Корабскиот Масив“, која денес и утре се одржува во Маврово, се дискутира за развивање заедничка стратегија за соработка и прилагодување и план за нејзино спроведување, а се споделуваат и примери за најдобрите пракси од соработката во регионот на Шар Планина и Корабскиот Масив, и пошироко.

Обраќање на отварањето имаше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој истакна дека областа на Шар Планина и масивите на Кораб беа идентификувани како приоритетно жариште за соработка во извештајот на Извештај на ОБСЕ и „Аделфи“: „Регионална проценка за Југоисточна Европа: Безбедносни импликации од климатските промени“.

– Земајќи ги овие наоди како почетна точка, оваа сеопфатна студија има за цел да го процени тековниот контекст на заедничките активности на ниво на заштитеното подрачје во Шар Планина и областа на Корабскиот масив. Врз основа на оваа проценка, студијата на ОБСЕ има за цел да собере и развие идеи за понатамошни активности за соработка помеѓу различните засегнати страни во областа, како и да помогне во идентификација на она што е потребно за нивна успешна реализација. Ова ќе придонесе за унапредување на соработката и намалување на безбедносните ризици предизвикани од климатските промени на Шар Планина и областа на масивите на Кораб – рече Нуредини.

Според него, спроведувањето на политиките и мерките поврзани со климатските активности ќе го забрза закрепнувањето на инвестициите и активностите во главните економски сектори како што се услужниот сектор, туризмот, градежништвото и енергетиката, а во исто време ќе создаде нови и зелени можности за отворање на нови работни места. Исто така, од суштинско значење е да се преземат проактивни чекори за да се изгради отпорност кон климатските промени и да се инвестира во мерки за адаптација, особено за најсиромашните или најмаргинализираните во општеството, како и за секторите најпогодени од пандемијата.

Работилницата е во организација на Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ и се спроведува во рамките на Проектот„Јакнење на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во југо-источна Европа, источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“, кој се реализира под раководство на Координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности (ОЦЕА), во партнерство со Центарот за истражување и консултации со јавна политика „Аделфи“.

Next Post

Да се врати довербата на младите во институциите за да градат иднина во државава

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk