ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реакција на министерот Николовски: Лажни обвинувања, со лажни договори од Цветан Трипуновски

November 2, 2022 16:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реакција на министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во врска со прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата од министерот Николовски ја пренесуваме интегрално.

„Најосторо ги осудувам изнесените дезинформации и невистини од страна на Цветан Трипуновски и опозициската ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција. За волја на вистината, пред јавноста сме должни да бидеме транспарентни и отворени, а ги повикувам претставниците на ДПМНЕ во иднина да ги проверуваат фактите кои што ги изнесуваат во јавноста. Имено, се работи за Договори за закуп на земјоделско земјиште во кои е доделено земјиште по јавен повик 01/21, кој што јавен повик со решение донесено од страна на министерот е поништен. Договорите до кои било дојдено не се изготвени од страна на надлежниот сектор, не се согласно пропишаните критериуми за подготовка на договори за закуп на земјоделско земјиште и иститите се со архивски броеви кои се фиктивни и не постојат во архивата на министерството, а кај истите е евидентно дека не се потпишани лично од страна на министерот, ниту пак е употребен факсимил за нивно потпишување. Воедно сакам да потенцирам дека договорот кој што беше предмет на денешната прес конференција на Цветан Трипуновски не е заведен во архивата на министерството, ниту пак изработен од страна на надлежниот сектор, за што Општина Бутел е известена со допис број 39-7227/2 од 04.08.2022. Овој договор, доколку постои треба да биде предмет на постапките што се водат пред надлежните истражни органи бидејќи очигледно истиот е фалсификат.

Во поглед на изнесените дезинформации, сакам јавно да демантирам дека уште на 27 октомври 2021 година, по добиено сознание, од тогашниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против непознат сторител и одговорни лица во МЗШВ за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување – фалсификување на службена исправа. Во текот на 2022 година се добиени нови сознанија за постоење на други сомнителни договори кај кои е очигледна злоупотребата на моето лично име во својство на министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. После прибавување на овие договори, првенствено во месец април 2022 година, беше поднесена Кривична пријава до Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје и дополнување на кривичната пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Вториот пријавување се случи на ден 01.11.2022 година до СВР Скопје.

Во оваа прилика сакам да потенцирам дека службите на министерството будно ги следат сите неправилности во врска со појавувањето на лажни договори за закуп и навремено ги известуваме надлежните органи заради понатамошно истражување и поведување на соодветни постапки.

На крајот би сакал уште еднаш да ги потсетам претставниците на ВМРО ДПМНЕ пред објавување на вакви дезинформации детално да го проверат изворот и валидноста на истите и сакам уште денес да се одважат и да излезат на прес конференција и да упатат јавно извинување до мене, како министер, до земјоделците и до целата јавност. Во спротивно, ќе ги употребам сите законски можности за покренување на соодветна постапка за изнесување на лаги и невистини во јавноста.

Ги повикувам земјоделците да бидат сигурни во институциите на системот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи согласно Законот и позитивните законски прописи, едиствениот начин на добивање на земја под закуп е согласно одредбите од Законот за земјоделското земјиште. Сакам да им порачам да бидат внимателни во вакви ситуации и да не подлегнуваат на понуди од лица кои нудат земјоделско земјиште во државна сопственост на брз начин и без спроведување на постапки пропишани со закон за змејоделско земјиште, туку за сите информации да се обратат до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и истите да ги пријавуваат до надлежните институции за истражување на овие кривични дејствија“.

 

Next Post

Северна Кореја истрела уште четири балистички ракети

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk