ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски – Гердес: Договорот со Фронтекс отвора врата за поинтензивна соработка во борбата против илегалната миграција

November 3, 2022 10:32
in Uncategorized, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера веднаш по пристигнувањето во Тирана каде ќе учествува на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, се сретна со заменик извршниот директор на Агенцијата за европската гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), Ларс Гердес.

На средбата, како што соопшти денеска од МВР, се разговарало за повеќе теми, особено за заедничкиот успех со потпишувањето на договорот помеѓу земјава и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европската гранична и крајбрежна стража во Северна Македонија.

„И двете страни заеднички се согласија дека со Договорот се отвора вратата за поинтензивна соработка заснована на доверба и меѓусебно почитување, во борбата против илегалната миграција поврзана со криумчарењето мигранти и трговија со луѓе како врвен приоритет и за Република Северна Македонија и за ЕУ“ се наведува во соопштението.

Министерот Спасовски на средбата информираше дека по ратификацијата на Договорот со Фронтекс во нашиот и во Европскиот парламент, засилено течат активности за негова брза и квалитетна имплементација, преку изготвување на Оперативен план и ставање во функција на сите потребни капацитети.

Според Гердес, искуствата покажуваат дека заедничка карактеристика за спроведување на овој договор и во земји членки и во оние кои сѐ уште не се членки на ЕУ, е меѓусебно споделување на знаењата и искуствата, со цел обединување на силите.

„Исто така, во текот на ноември годинава беше најавено тим експерти од ЕУ да пристигне во Република Северна Македонија со цел да се разгледаат можностите за идните заеднички активности, за што Република Северна Македонија веќе собра искуства со заедничката седумгодишна меѓународна операција на нашата јужната граница“ се подвлекува во соопштението од МВР.

Министерот Спасовски на средбата со заменик извршниот директор на Фронтекс, Ларс Гердес додаде дека фактот што Европската унија, ја препозна земјава како посветен и стабилен партнер, со кој  склучи договор за да обезбеди уште посигурни граници и поголема безбедност на граѓаните и на Северна Македонија и на Европската Унија, е уште една потврда дека државата чекори по патот на напредокот.

Next Post

Шолц: Време е да се надминат внатрешните конфликти во Западен Балкан

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk