ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Климатолози: Летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

November 7, 2022 20:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени забрзано ги топат замрзнатите региони во светот, а најзагрозен е летниот арктички морски мраз, кој сигурно ќе исчезне до 2050 година, се вели во извештајот објавен денеска од истражувачката мрежа на Меѓународната иницијатива за криосфера и клима.

Во извештајот се соопштува дека само оваа година на источен Антарктик врнело дожд во март кога температурите на воздухот биле невообичаено високи и дека во текот на летото Алпите изгубиле пет проценти од ледената покривка, додека во септември на Гренланд е регистриран нов рекорд на топење за тоа време од годината.

Се истакнува дека по осумте најтопли години на планетата, има се повеќе докази дека ледените региони во светот се топат многу побрзо отколку што очекуваа научниците.

Авторите на последниот извештај воспоставија дијагноза на „терминална состојба“ за мразот што се формира и плута на Арктичкиот океан секое лето.

Објавувањето на извештајот се совпадна со почетокот на самитот за климата на ОН, кој ќе трае до 18 ноември во египетското летувалиште Шарм Ел-Шеик, а арктичките активисти и домородните жители од тие региони за вечерва планираа медиумски настан со кој ќе го одбележат исчезнувањето на морскиот мраз.

Научниците истакнуваат дека светот мора двојно да ги намали емисиите на јаглерод диоксид во оваа деценија во однос на нивото од 2005 година и да достигне „нулта“ до 2050 година, со цел да се спречат брзите климатски промени со екстремни влијанија.

Во извештајот се вели дека дури и да се постигне ова, светските региони покриени со мраз нема да почнат да се стабилизираат до некаде помеѓу 2040 и 2080 година, а топењето на глечерите ќе продолжи повеќе од еден век пред да се забави, до 2200 година.

Next Post

Подољак: Украина е подготвена за преговори, но не со Путин

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk