ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лазовски: Македонија треба да воведе оданочување на дополнителна добивка поради неопходноста за забрзан економски раст

November 18, 2022 13:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Даночниот советник Славко Лазовски не остава простор за сомнеж дека Македонија треба да го следи примерот на Хрватска и да воведе данок на дополнителна добивка.

Во кусото интервју за „Локално“ тој вели дека е нужно потребно подобрување на нашиот даночен систем бидејќи е премногу регресивен а даночниот товар го носат мал број субјекти.

„Премногу се  потпираме на  даноците  на потрошувачката и секое поместување кон даноците на доход, е движење  во  добра  насока“, дециден е Лазовски.

Во Европа, 15 земји веќе вовеле или се подготвуваат да воведат дополнително оданочување и тоа со стапки од 20-90% а уште поинтересно е вели Лазовски, што Европската Комисија препорачува дополнтелното оданочување да биде само за компаниите од енергетскиот сектор.

„Унгарија, а  еве и Хрватска во  најава, не го прифааќаат секторскиот приод[1] и се  определуваат  за  оданочување  на  секој,  односно  секоја  компанија  која  остварува одреден дополнителен доход  или  добивка“, вели Лазовски додавајќи дека високите даноци се во земји со повисок степен на развој на демократијата и на многу повисоко ниво на економски развој.

Дали Македонија треба по примерот на Хрватска да воведе дополнително оданочување на дополнителната добивка?

-Да, секако, без никакви дилеми. Секој  кој остварува  дополнително поголема добивка мора[2] да плати и  поголем износ  на  данок на  добивка. Ова сфаќање произлегува на суштината и целта на оданочувањето, дека тоа не е само одземање, туку  создавање на заедничкото, кое  доколку е поголемо, создава поголеми  можности  за остварување  на  поголеми  доход  на што  поголем број  субјекти. А поголеми доходи остваруваат токму тие од кои е одземено најмногу, поради поголемите. Така даноците ја  остваруваат својата единствена цел – развој на општеството  и  економијата.

Зошто во Македонија е потребно вакво подобрување на даночниот  систем?

-Не само  поради општата  неопходност  за повисок општествен  развој и забрзан економски  раст, туку и поради  нашите конкретни потреби и  специфики:

Имаме тесна даночна структура. Мал број на даноци, поедноставно кажано: пет на  национално и пет  на  локално  ниво. Бугарија  има  28  видови даноци, Германија  32, а  тука се сите земји за кои  може да се рече  дека имаат  современ даночен  систем. Тесната  даночна  структура  е во  основа неправична,  затоа  што даночниот  товар го  понесуваат  мал  број  на  субјекти. Оваа  даночна  структура  е воведена со  даночната реформа  од  1994 г. и од тогаш не е менува, а тоа  е многу  одамна, многу  работи  се  битно променети.

Нашиот даночен систем е премногу регресивен и  тој  не може  да остане  таков  со  оглед  на тоа дека  градиме  систем по урнек  на земјите-членки  на  ЕУ.

Премногу се потпираме на даноците на потрошувачката и секое поместување  кон даноците  на  доход е движење  во  добра  насока.

Што конкретно се предлага во Хрватска?

-Хрватската Влада обзнани дека започнува  јавната  расправа за  намерата од воведување данок  на дополнителната добивка, со кој се очекува да се одночат околу 200-та најпрофитабилни  фирми, по  стапка  од 33%, кои имаат  добивка  над 40  милиони  евра или, а можеби и како  алтернативно решение: зголемена  добивка  од  над 20%  од  просекот  во  изминатите  четири години. Сегашните стапки во Хрватска се: за данокот на  добивка 10%  и  18%, персоналниот  данок 20%  и  30%, ДДВ 5%  и  25%.

Какви се состојбите со даноците во Европа?

-Интересно  е што случува во  областа  на  даноците  во Еропа.  Се  наведува  дека 15 земји вовеле  или  се подготвуваат да  воведат  дополнително оданочување во  ова  кризно време[3], со стапки  од  20% до  90%. Уште  поинтересно  е што Европската Комисија препорачува ова дополнително  оданочување да  биде само на компаниите што работат во  енергетскиот  сектор. Но,  Унгарија, а  еве и Хрватска во  најава, не го прифааќаат секторскиот приод[4] и се  определуваат за оданочување на секој, односно  секоја  компанија  која  остварува одреден дополнителен доход  или  добивка.

Дали  и покрај како што велите тесната даночна структура, државата треба  да  воведе дополнително  оданочувањe?

-„Лошата” држава нема право на зголемени  даночни  приходи –  велат од  сите страни, а најгласни  се оние кои постојано и најмногу бараат  од  државата.  ,,Најнапред намалете  ги  непродуктивните  трошења, па  потоа  размислувајте  за зголемување  на  даноците“ – велат  едни, а други додадаат: ,,Намалетеја  сивата  економија.“ Најтивки се оние кои велат, па  си  го поткаснуваат  јазикот: ,,Намалете  ја  корупцијата во  јавните  набавки.“

„Лошата“ држава е лоша токму поради малите даноци. И пак не е  во големината  на одземањето  и  додавањето, туку  во  силината на процесите  на вклучувањето на субјектите во  оданочувањето,  во одлучувањето за општествените  процеси. Не случајно високите даноци се во земјите со  повисок степен на развој  на  демократијата и  на многу повисоко  ниво  на  економски  развој.

К.В.С.

[1] Секторскиот приод  во оданочувањето го напуштивме  со реформата  од  1994 г. од  кога  е  битна исклучиво висината  на  доходот  или добивката,а не вокој  сектор  се остварени. Дотогаш, најпривелегирани ектори  беа земјоделството  и  рударството, кои, можеби, токму  поради  тоа  останаа најнеразвиени сектори.

[2] Ова  ,,мора“  е според  терминологијата што ја употребува европското  даночно  законодавство, наместо  нашето: ,,плаќа“, „должен  е“, „треба  да плати“,  „се плаќа“ и сл.

[3] Даноците се „чеда на  војните“. Овие  автори  тоа  го потврдуваат  со примената   на  данокот  на промет (на  големо или на мало) по Правата  светска  војна, а  ДДВ влегува во „погон“  по  Втората  светска  војна. Ова  ги симнува  сите  дилеми дали баш  сега  ни  треба  даночна реформа.

[4] Секторскиот приод  во оданочувањето го напуштивме  со реформта  од  1994 г. од  кога  е  битна исклучиво висината  на  доходот  или добивката, а не вокој  сектор  се остварени. Дотогаш, најпривелегирани ектори  беа земјоделството  и  рударството, кои, можеби, токму  поради  тоа  останаа најнеразвиени сектори.

Извор: Локално

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk